Институт за македонска литература, Скопје, 2023
Димензии 21 см
Број на страници 124
ISBN 978-608-4744-39-9
Цена 300,00 ден.
Предмет на истражување во книгата Културолошките импликации во творештвото и активизмот на Елиф Шафак од Марина Цветаноска, претставуваат културолошките импликации во творештвото, академските трудови, новинарските и други јавни настапи на Елиф Шафак. Taa е транснационална и транслингвална писателка, која пишува на турски и на англиски јазик, живее во Истанбул и Лондон, а нејзиното творештво веќе има глобална рецепција (некои нејзини наслови се преведени на над четириесет јазици).
Повеќето романи на Елиф Шафак се преведени на македонски јазик и тие се интересни за македонската читателска публика, но недостасува едно посистематско или критичко проследување на нејзиното дело. Токму затоа во книгата ќе биде опфатена животна приказна на Елиф Шафак, нејзиниот исклучително богат и интересен креативен набој и творештво (романи, раскази, написи и др). кое нуди богат материјал за културолошки промислувања на темите: културна меморија, идентитетски политики, феминистичка теорија и женско писмо, политичките аспекти на книжевноста и др.