МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА (АВТОРИ И ДЕЛА) (2021-2023)

Носител: Институт за македонска литература
Главни истражувачи: д-р Наташа Аврамовска, д-р Мишел Павловски
Учесници: сите истражувачи од ИМЛ и надворешни соработници
Во проектот се вклучени истражувачите од сите осум (8) одделенија кои изработуваат одредници од научните области во рамките на науката за книжевност.

Проектот Македонска книжевна енциклопедија е замислен како сеопфатно енциклопедиско издание кое ќе покрива одредници поврзани со македонската книжевност. Во рамките на проектниот период (2021-2023), предвидено е изготвување два типа одредници: автори и дела (поезија, проза и драма), во периодот  од IX – XXI век, и нивно слободно достапно поставување во облик на е-енциклопедија на мрежата.

Цели на проектот:

  1. Енциклопедиска дата-база на препрочитувањето/ преиспишувањето на македонскиот книжевен канон појмен како авторски имиња односно писма.
  2. Мапирање и експликација на книжевните „настани“ во развојот на македонската литература (IX-XXI в.) претставен во книжевни дела и нивна експликација во вид на одредници (придружени со референтна библиографија).
  3. Поставување на материјалот на мрежата со слободно овозможен пристап за сите заинтересирани корисници.