ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА E ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА КУЛТУРНА РУТА НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА E ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА КУЛТУРНА РУТА НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 1 декември 2023 година стана член на асоцијацијата Cultural Route of the Council of Europe: Cyril and Methodius Route / Европската културна рута на св. Кирил и Методиј при Советот на Европа
Во оваа европска рута членуваат и други сродни институции од Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска и Италија, а од Македонија, покрај ИМЛ, член е и Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Ова членство, пред ИМЛ отвора простор и предизвик за работа на популаризација на културното наследство на меѓународен план, поврзано со појавата и развојот на словенската пписменост на македонска почва, како и со практиките на неговото негување и влиијание врз културните практики на денешницата.
Во 2024 година ИМЛ започна со реализација на проектот Европската рута на светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско
Овој проект е прифатен со Годишната програма на Министерството за култура како проект од национален интерес од областа на меѓународната дејност. За првата година од нашето членство во европската рута, со овој проект се планира да се исцрта мапа на Рутата на Кирил и Методиј на теренот на Скопје, како дел од територијата на Македонија и овие сознанија ќе се презентираат на претстојните заседанија на Европската рута. Се предвидува и одржување на работилница на 8 и 9 октомври 2024 година во Скопје, при што е предвидена посета на кампусот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на спомениците посветени на светителите во централното градско подрачје, како и посета на кањонот Матка, еден од најживописните природни споменици во скопската област. Овде ќе се претстави манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (т.н. манастир Матка), каде гостите – претставници на Рутата од другите земји, ќе се запознаат со фреските на Св. Кирил Филозоф и Св. Климент Охридски од 14 век. Настанот е предвиден во Календарот на настани за Рутата https://www.cyril-methodius.cz/calendar2024/