Меѓународни проекти
Родовите претстави во литературата и културата на Балканот (01.07.2006 – 30.06.2008)
Носители: Институт за македонска литература при УКИМ и Филолошки факултет при Југозападниот Универзитет “Неофит Рилски” во Благоевград, Р. Бугарија
Главни истражувачи: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева д-р Илија Недин (Бугарија)
Соработници од Македонија: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, д-р Наташа Аврамовска, д-р Мишел Павловски, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и м-р Ана Мартиноска
Традицијата и континуитетот во македонско-хрватските врски (1.07.2007 – 30.06.2009)
Носители: Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје и Филозофски факултет при Универзитетот во Риека
Главни истражувачи: д-р Васил Тоциновски (Македонија) и д-р Горан Калоѓера (Хрватска) Соработници од Македонија: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Наташа Аврамовска, д-р Валентина Миронска-Христовска, д-р Јасмина Мојсиева-Гушева и м-р Ана Мартиноска од ИМЛ и д-р Јелена Лужина од Факултетот за драмски уметности – Скопје.
Меѓународен проект во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО „Родовите претстави во македонската и албанската култура и во општественото живеење“ (1.11.2007 – 31.11.2008)
Главен истражувач: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева Соработници: д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, д-р Наташа Аврамовска, д-р Мишел Павловски и м-р Ана Мартиноска од ИМЛ, д-р Гзиме Старова (Правен факултет), д-р Агим Полоска и д-р Мируше Хоџа (Филолошки факултет)
Меѓународен проект „СЛОВО“ – „Toward the Building of digital Library of South Slavic Manuscripts“
Партнерски институции: Институтот за славистика при Австриската академија на науките, Институтот за балканистика при САНУ, Институтот за македонска литература и Словенската академија на науките Институтот во овој меѓународен проект беше вклучен преку учеството на соработниците д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Илија Велев. Главен истражувач на проектот беше д-р Анисава Милтенова, раководител на Секцијата за стара бугарска литература на Институтот за литература при БАН. Проектот имаше за цел и задача проучување на старите јужнословенски ракописи и ракописното богатство во манастирите на Балканот и во Синајскиот манастир „Св. Екатерина“. Во рамките на проектот се реализираше меѓународна конференција, зборник на трудови, веб страница, вклучување во европските програми за дигитални библиотеки и претставување на Меѓународниот славистички конгрес во Охрид.
COST ISO703 „ The European Research Network on Learning to Write Effectively “
Раководител: Dr. Denis Alamargot, University of Poitiers, France Координатор од Р Македонија: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева Институт за македонска литература, Скопје Учесник: доц. д-р Ана Мартиноска, Институт за македонска литература, Скопје Знаењето се создава и дели во границите на културата главно, преку пишување. Затоа клучна цел на овој проект е да се подобри нашето разбирање за тоа како писмената продукција владее и како овој процес на учење може да се направи поефикасен за секој европски граѓанин, особено за децата на училиште и за возрасните на нивните работни места. Со оглед на разновидноста на образовните системи и јазици, важно е да се изгради заедничка мултидисциплинарна истражувачка програма, во која ќе се споделуваат теоретските, методолошките и образовните ресурси. Оваа истражувачка програма треба да се фокусира на четири комплементарни области: „Рано стекнување на вештини за пишување“, „Развој на писмената комуникација“, „Дизајн на пишани документи“ и „Технолошкиот напредок на алатките за пишување“. Со здружување на европските истражувачки тимови, кои веќе работат на тема за пишување, или имаат намера да го сторат тоа, акцијата поддржува градење на активна и отворена мрежа составена од редовни научни настани, истражувачки средби и обука за помлади истражувачи. Оваа истражувачка мрежа ќе обезбеди средства за ширење на препораките низ Европското општество (училишта, универзитети, работни места), со цел да им помогне на професионалците и на граѓаните да пишуваат, да научат да пишуваат и да предаваат пишување поефективно во рамките на нивните посебни културни контексти, како и да комуницираат преку културните граници со помош на пишувањето.