Институт за македонска литература, Скопје, 2023
Димензии 21 см
Број на страници 189
ISBN 978-608-4744-36-8
Цена 300,00 ден.
Сите прилози во збирката Споделена антика од Дарин Ангеловски несомнено и убедливо сведочат за различни аспекти на долготрајна „лектирна“, преводна и критичка рецепција на антиката на нашиве простори, а на тој начин и за постоење и развој на еден книжевен и културолошки дијалог на две географски блиски, но временски оддалечени култури. Одбраните студии и есеи претставуваат придонес за културолошките, филолошките и книжевните научни обмислувања на античката и на македонската книжевност во нашата научна средина, и тоа според повеќе параметри, од кои ќе ги потенцираме разновидноста на методолошкиот пристап, актуелноста на истражувањата на рецепцијата на антиката во светски рамки, како и темелноста и прецизноста на научноистражувачката постапка и критичкиот апарат.
проф. д-р Весна Димовска