КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ ВО АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО

Институт за македонска литература, Скопје, 2020
Димензии 24см
Број на страници 153
ISBN 978-608-4744-29-0
Цена 300,00 ден.

Зборник на трудови Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и Скопско од одржаната конференција во предворјето на црквата „Св. Богородица“ во Скопје, 16 септември 2020.  
Уредници: Илија Велев, Маја Јакимовска-Тошиќ

Со Зборникот се поттикнува актуелноста на современата улога и значење на културниот туризам како една од функционалните мобилни форми за афирмација, заштита и промоција на културното наследство во Скопје и Скопско. Особено на тој план доаѓа до израз и богатата традиција на градот Скопје и на неговото опкружување, којшто како македонска престолнина ги сублимира традиционалните искуства на националните и на глобалните обележја од минатото и од сегашноста. Тоа го прави градот Скопје со неговото зачувано духовно и културно наследство, како и со природните реткости, предизвикувачка дестинација за развојна перспектива на културниот туризам. Во Зборникот се вклучени поздравните обраќања на: претседателката на Советот на Град Скопје проф. д-р Љубица Јанчева, директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и претседателот на Одборот проф. д-р Илија Велев. Во две тематски целини се објавени девет (9) трудови на автори од образовни и културни установи во Скопје – Институт за македонска литература, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Музеј на Град Скопје.

Преземи Зборник

Содржина
Културолошки практики на мобилност
Ратомир Грозданоски: Црквите и манастирите пленат со духовното изобилство и културното богатство – Соборниот архиепископски храм во Скопје, 27-50
Валентина Миронска-Христовска: Улогата на скопската културна рута од XIX век во развојот на културниот туризам во XXI век, 51-72.
Ѓоко Ѓорѓевски: Историско-културолошкиот аспект на поклоништвото во контекст на афирмација на културното наследство, 73-81
Славчо Ковилоски: Патиштата и крајпатните анови во скопско во XIX век, 83-91.
Соња Стојменска-Елзесер: Книжевност и туризам: допирни точки (врз примерот на Скопје), 93-101.
Сарита Трајанова: Културното наследство и културниот туризам низ призмата на институциите од областа на културата во Скопје, 103-116.
Јасминка Намичева: Проектот „Музеум линк“ како алатка за промоција на културното наследство на Скопје и Македонија, 117-123.
Проектна интеракција
Маја Јакимовска-Тошиќ: Културното наследство на манастирот „Св. Богородица“ – Матка како потенцијал за развој на културниот туризам во Скопје, 127-137.
Илија Велев: Црквата „Раѓање на св. Богородица – Троеручица“, потенцијална дестинација за развој на културниот туризам во градот Скопје, стр. 139-149.