Skip to content

д-р Ема Лакинска

Интернет адреса: e.lakinska@iml.ukim.edu.mk;
Научно звање: научен соработник / доцент, Одделение за теорија на литературата и компаративна книжевност
Потесна област на научноистражувачки интерес: културолошки студии, компаративна книжевност, фолклористика, традуктологија
Трет циклус – докторски студии: Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, докторска дисертација Архетипско читање на македонските сказни (врз избор сказни запишани од Марко Цепенков), 2025
Втор циклус студии: Институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), Париз, Р. Франција
Магистерски трудови:
• Раѓањето на македонскиот роман (ИНАЛКО, 2015)
• Проблемите при преводот на приказни од Ги де Мопасан (ИНАЛКО, 2014)
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Преведување и толкување (француски и англиски јазик), 2011
Монографии
• Дуалистичката мисла во македонската култура, Скопје: Институт за македонска литература – Скопје, 2025
Учество во научноистражувачки проекти
Македонска книжевна енциклопедија (автори и дела), Институт за македонска литература (2021- 2023)
Македонска стилистика и поетика, Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет, од кој произлегува монографијата Македонска стилистика и поетика во издаваштво на Комитетот.
Научни и стручни трудови во периодиката
Ема Лакинска ги објавила следниве рецензирани истражувачки трудови:
• The Тransformation of Female Caracters from Folktales in Disney’s musical Into the woods, IN Context/Контекст 30, 2024, Скопје: Институт за македонска литература
• Книжевната меморија за Граѓанската војна во Грција и македонскиот непокор во трилогијата романи Црноборје, Земја во дуљбија и Света шума од Петар Ширилов, Вo Зборник на трудови од научната конференција „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“, 2025, Скопје: Институт за национална историја, во печат
• Богомилската дуалистичка мисла како предвесник за појавата на македонскиот роман, ВО Зборник на трудови од 51. Меѓународна научна конференција на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, 2024, Скопје : Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во печат
• Урбаната семиотика на Скопје во збирката раскази Улиците што ги нема од Оливера Ќорвезировска, Вo Зборник на трудови од конференцијата „Урбаниот профил на Скопје во современата проза“, 2023, Институт за македонска литература: Скопје, стр. 177-189
• „Ликовите од класичната литература во македонскиот краткометражен неоноар филм (Сценариото на Александра Кардалевска)“, Вo Сontext/Контекст 26, 2022, Институт за македонска литература: Скопје, стр. 49-58
• „Архетиповите во ликот на царицата во драмата Јане Задрогаз од Горан Стефановски“, Вo Зборник на трудови од 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, 2022, Скопје : Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, стр.472-489
• „Европска ознака за македонската литература (Lettres Européennes: Histoire de la Littérature Européenne, dir. Annick Benoit Dusausoy, Guy Fontaine, Jan Jedrzejewski, Timur Muhidine, Paris:CNRS, 2021)“, Вo Спектар 79/2022, Институт за македонска литература: Скопје, стр. 275- 285
• „Повеќезначноста на книжевното толкување (Наташа Аврамовска: За песните и приказните, Институт за македонска литература, Скопје, 2020)“, Вo Спектар 78/2021, 2021, Скопје: Институт за македонска литература, стр. 199-205
• „Дијалогот на македонската современа книжевност со светското културно наследство (Студија на случај: драмата Шехерезада – црна комедија во илјада и една минута на Срѓан Јанаќијевиќ)“, Зборник на трудови од 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, 2021, Скопје : Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, стр. 590-607
• „Ново читање на сказната Детето што го сонило сонцето на десното рамо и месечината на левото запишана од Марко Цепенков“, Вo Context/Контекст 24, 2021, Скопје: Институт за македонска литература, стр. 75-86
• „Ново читање на сказната „Трите сестри, најмалата се стори царица и роди дете ѕвездалија“ од Марко Цепенков“, Вo Спектар 76/2020, 2020, Скопје: Институт за македонска литература: стр. 209-221
• „Проблемите при преводот на Приказни за гуската од Ги де Мопасан од француски на македонски јазик“, во Зборник на трудови од Осми научен собир на млади македонисти, Конференција во чест на проф. Лилјана Минова- Ѓуркова, 2016, Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, стр. 193-204

Во меѓународни рамки ги објавила следните монографии (во коавторство):
• Introduction to Slavic Myths, IN Slavic Myths, Introduction by Ema Lakinska, General Editor Jake Jackson, 2022, London: Flame Tree Publishing
• Македонска поетика и стилистика 1970-1990, Вo Македонска стилистика и поетика, Грац: Меѓународен славистички комитет, 2025

Истражувачки студиски престој
Покрај престојот на Институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, Р. Франција (2011-2016), остварила студиски престои во повеќе земји меѓу кои: Чешка република, Словачка, САД, Шпанија и Португалија.

Учества на научни собири
Повеќе научни конференции и собири меѓу кои:
Ема Лакинска учествувала на следните научни конференции, семинари, трибини:
• Меѓународна научна конференција МИТ И ДРАМА: современи толкувања, одржана на Филолошки факултет при УКИМ во Скопје, 29 – 30 ноември 2024 година, со излагање на тема: „Митските слики наспроти архетипските претстави во драмата Јане Задрогаз на Горан Стефановски“;
• 51. Меѓународна научна конференција на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, одржан во Конгресен центар Охрид, 30-31 август 2024 година, со излагање на тема: „Богомилската дуалистичка мисла како предвесник за појавата на македонскиот роман“;
• 61. Рацинови средби, одржани во Национален театар „Ј.Х. Џинот“ на 14 јуни 2024 година, со излагање на тема: „Усноста како предзнак на црно-белиот свет на творештвото на Коста Солев Рацин“;
• Научна конференција „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“, одржана на Институт за македонски јазик „К. П. Мисирков“ на 29 март 2024 година, со излагање на тема: „ Книжевната меморија за Граѓанската војна во Грција и македонскиот непокор во трилогијата романи Црноборје, Земја во дуљбија и Света шума од Петар Ширилов“;
• 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, одржан во Конгресен центар Охрид, 4-5 септември, 2022 година, со излагање на тема: „Архетиповите во ликот на царицата во драмата Јане Задрогаз од Горан Стефановски“;
• 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, одржан во Конгресен центар Охрид, 3-4 септември, 2021 година, со излагање на тема: „Дијалогот на македонската современа книжевност со светското културно наследство (Студија на случај: драмата Шехерезада – црна комедија во илјада и една минута на Срѓан Јанаќијевиќ)“,
• Осми научен собир на млади македонисти, Конференција во чест на проф. Лилјана Минова- Ѓуркова, 2016, одржан на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со излагање на тема: „Проблемите при преводот на Приказни за гуската од Ги де Мопасан од француски на македонски јазик“.
• Европски летен камп „Франкофонијата и иднината на словенските јазици“, Универзитет во Поатје, Франција, 2012;
• Reinvestigating culture in arts, humanities and sciences, ЦККС и Факултет за медиуми и комуникации во Белград, Белград, Србија 2016;
• XLVIII меѓународна научна конференција – Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, Македонија 2021
Општествени и професионални должности
Член на редакцијата на Context/Контекст, списание за компаративна книжевност и културолошкo истражувањe, Скопје: Институт за македонска литература