Skip to content

Меѓународна научна конференција КНИЖЕВНИ ПРОЕКЦИИ 2025: ГОДИНА НА ЗНАЧАЈНИ ЈУБИЛЕИ

Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи Меѓународната научна конференција КНИЖЕВНИ ПРОЕКЦИИ 2025: ГОДИНА НА ЗНАЧАЈНИ ЈУБИЛЕИ.

Свеченото отвoрање на конференцијата ќе се одржи во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје, на 25 септември 2025 (четврток), со почеток во 10.30 ч.

Работата по сесии ќе продолжи да се одвива во салата за седници на Институтот за македонска литература во двата работни дена – 25 и 26 септември 2025.

Концепт: Четвртата деценија на 20 век е период во којшто се родени многу од авторите што ќе придонесат за жанровската, поетичката и стилистичката разновидност и развој на современата македонска книжевност, како и за богатството на теми и мотиви. Тоа се авторите кои креираат исклучителни книжевни светови – Георги Сталев Поповски, Димитар Солев, Ката Мисиркова Руменова, Симон Дракул, Бистрица Миркуловска, (95 години од раѓањето), Ташко Георгиевски, Живко Чинго, Слободан Мицковиќ, (90 години од раѓањето), Лилјана Белева, Гордана Михаилова-Бошнакоска (85 години од раѓањето) и други. Целта на конференцијата е со актуализација на посочените автори да се истакне нивното значење за развојот на македонската книжевност и нивното влијание на актуелните книжевни процеси, притоа опфаќајќи теми и за други македонски автори, коишто не се поврзани со јубилеј но твореле во периодот на 20 век, што може да се види во подготвената програма.

Покана за свечено отворање

Програма

Постер