Меѓународна научна конференција „МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1946 – 1949): 75 ГОДИНИ ПОТОА“

По повод 75-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, на 29 март 2024 година, успешно беше реализирана Меѓународната научна конференција „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1948): 75 години потоа“, во коорганизација на Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“ и три национални научни институти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Институтот за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Институтот за македонска литература.

  Програма