Skip to content

Институт за македонска литература, Скопје, 2023
Димензии 24 см
Број на страници 300
ISBN 978-608-4744-37-5
Цена 400,00 ден.

Книгата Уметноста на дијалогот од Ана Јовковска претставува збирка на разговори/интервјуа со дваесетина македонски автори од различни генерации, кои го портретираат современото општество и книжевно творештво. Преку интердисциплинарен и критички пристап во разговорите се вкрстуваат теми од литературата, културата, философијата, филмот и феминизмот. Правени низ суптилен психолошки опит на интервјуирање, со којшто се навлегува во интимната сфера на јаството, разговорите преминуваат од тенката линија на личното кон грубата линија на политичкото, промислувајќи ги социо-културните феномени на денешнината и отворајќи ги проблематичните пори на времето. Во списокот на творечки јавни личности застапени во книгата „Уметноста на дијалогот“ се следниве значајни имиња: Влада Урошевиќ, Александар Прокопиев, Катица Ќулавкова, Јагода Михајловска-Георгиева, Венко Андоновски, Гоце Смилевски, Лидија Димковска, Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Румена Бужаровска, Ана Мартиноска, Винка Саздова, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Фросина Пармаковска, Елизабета Баковска, Петар Андоновски, Искра Гешоска и други. Книгите од овој тип не само што документираат и архивираат податоци за современите книжевни дејци туку се и корисна алатка за критичко-теориската и книжевно-историската наука.