МАКЕДОНСКО ФОЛКЛОРНО НАСЛЕДСТВО

Период на реализација: 01.01.2002 – 31.12.2004
Главен истражувач: д-р Ленка Татаровска
Соработник: д-р Марко Китевски

Проектот ја има предвид идејата на романтичарскиот логос според која во книжевната историја посебно место му се дава на изворните истражувања на народното творештво видено низ дијахрониски аспект. Имајќи го предвид времето на формирањето на свеста кај народите за постоење на посебни национални литератури, особено внимание е посветено на периодот што ги одбележува нашите простори, период виден низ активното собирање на фолклорното богатство во 19 и почетокот на 20 век, на теренот на Македонија. За истражувачите на проектот од пресудна важност се и ракописните материјали оставени по архивите на соседните земји, како и во Русија, а кои се од големо значење за нашето културно наследство.