Предметни професори: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и д-р Ана Мартиноска
Цели на предметот
Да се стекнат знаења од повеќе хуманистички и општествени дисциплини од аспект на културата, како и знаења и разбирање на современите теории од областа на културолошките студии.
Содржина на предметот
- Преод од модерна во постмодерна ера. Критика на просветителството. Замена на терминот постмодерна со глобализација. Критика на масовната култура: десна и лева критика. Центарот за културолошки студии во Бирмингем. Рејмонд Влијамс, Ричард Хогарт и Едвард П. Томсон.
- Културолошките студии како академска дисциплина. Дефинирање на културата. Политичкото во културолошките студии. Кружниот тек на културата: Џонсовиот модел. Стјуард Хол и кодирањето и декодирањето.
- Од историјата на културолошките студии: Културализам (културологија). Марксизам. Постмарксизам: артикулација и Луис Алтисер, хегемонија и Антонио Грамши. Јазички пресврт: условеноста на значењето од јазикот, јазикот како пресуден фактор за производство на вредности, значења и знаења. Роланд Барт.
- Отпор низ теорија: класниот, половиот и расниот идентитет на културата.
- Поструктурализам – глобализациско–постесенцијалистичка фаза на културолошките студии. Деконструкција и Жак Дерида, Мишел Фуко: моќ/знаење, производство на знаење, тело, Жан Бодријар: хиперреалност и симулација,
- Одлики на теоретскиот обрт кон популарното. Популарна култура. Критика на канонот. Вилијамс и дефинирање на одликите на популарното; Стратегии на отпорот и поимите елитна, популарна, народна, масовна и медиумска култура. Поткултури: Дик Хебдич. Славенички модел: Стратегии и тактики на секојдневниот живот: Мишел де Сарто и Пронаоѓање на секојдневното, Џон Фиск и семиотичкиот отпор, Пол Вилис и приземната естетика. Проблемите на вреднувањето.
- Проширување на интересите на културолошките студии: Култури во движење. Феминзам, постколонијална теорија, култура и нација, културна политика, превенција и презервација на културното наследство, културата како место (хибридност, миграција и дијаспора, гранични култури, патувачки култури), културата и идентитетот, културата и глобализацијата.
Основна литература
Duda, Dean (2002) Kulturalni studiji. Ishodišta i problemi, Zagreb: AGM
During Simon, Ed. (1993) The Cultural Studies Reader, London, New York: Routledge Линк до изданието
Storey John, Ed. (2006) Cultural Theory and Popular Culture: A Reader, London: Prentice Hall
Дополнителна литература
Ðorđević Jelena (2008) Studije kulture, Beograd: Službeni glasnik, 2008
Ziauddin Sardar, Van Loon Boris (1999) Introducing Cultural Studies, Icon Books, UK, Totem Books, USA Линк до изданието
Hartley John (2003) A Short History of Cultural Studies, SAGE Publications, London, New Delhi