
Носители: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Институт за македонска литература, и Факултет за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Целта на второто издание на оваа интердисциплинарна конференција, која го обединува драматуршкиот и театролошкиот пристап со филолошки, антрополошки, филозофски, историски, родови и други перспективи, е да ги разгледа релациите меѓу митот и драмата од антиката до денес, со посебен акцент на теми кои се наметнуваат како особено актуелни и ургентни.
Предлози за теми
1. Кризи
– Митот и драмата наспроти кризата
– Кризата на митот и драмата
– Мит, драма и траума
– Политички митологии, критички драматургии
– Комични субверзии и травестии на митот како одговор на кризата
– Митот и драмата во ерата на вештачката интелигенција
– Дигитални митологии
2. Граници
– Трансгресии, травестии и хибридизации
– Преведување, адаптирање и интеркултурно циркулирање на митовите
– Претставувања и преиспитувања на границите во митот и драмата
– (Де)конструирање на границите и идентитетите во митот и драмата
– Телото како граница (родова, расна, политичка, симболичка)
– Митови/драми за егзилот, миграцијата и талкањето
3. Другост
– Фигури на другоста во митот и драмата: божеството, жената, странецот, мигрантот, старецот, монструмот, животното…
– Монструми, странци и маргиналци
– Комедијата и другоста: Другиот како комичен двигател
– Комични субверзии и деколонизации на митот
– Постхуманизам, нови технологии и дигитални реинвенции на митот
– Божествена, животинска, технолошка другост
Трудовите може да се фокусираат на античките, средновековните, модерните или современите корпуси.

