Skip to content

Директор

проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, директор
s.stojmenska-elzeser@iml.ukim.edu.mk

Досегашни функции

  • Главен и одговорен уредник на научното списание Контекст (тековно) Линк до списанието 
  • Претседател на Друштвото на писателите на Македонија (2018-2022)
  • Претседател на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија (2005-2009)
  • Лектор по македонски јазик и литература на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка (1997-2000)

Научна и високообразовна дејност

Автор на монографии и научни трудови од областа на книжевната наука, раководител и учесник на национални и меѓународни проекти, учесник на бројни меѓународни конференции и собири. Преведувач од чешки  јазик.

Професор по предметите: Европски културолошки контекст; Културна географија (втор циклус); Урбана културологија; Еко-културни теории; Култура и граници; Книжевен лудизам; Македонската книжевност во словенски контекст (трет циклус).

Научна област

Општа и компаративна книжевност, теорија на книжевноста, културолошки студии

повеќе