Skip to content

Важни информации за студентите

УПИСИ
академска 2025/26 година

Kонечна листа на примени кандидати на Институтот за македонска литература при УКИМ во првиот уписен рок во академската 2025/2026 година

Студиска програма

Код

Ментор

ХУМАНИСТИЧКИ НАУКИ И УМЕТНОСТИ

Културолошки студии

Институт за македонска литература

0209973проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер

Културолошки студии

Институт за македонска литература

0211988проф. д-р Мишел Павловски

 

⇒ Прелиминарна листа на кандидати за запишување на трет циклус академски студии – докторски студии на Институтот за македонска литература при УКИМ во првиот уписен рок во академската 2025/2026 година

Втор циклус

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е застапен со следниве студиски програми.

 Студиска програмаБрој на студентиШколарина Школарина за странци
 Културолошки студии               20                  4500                  5000
 Македонистика – потпрограма Македонска книжевност               36                  4500                  5500

Конкурс втор циклус 2025/26

Трет циклус – докторски студии

Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје е застапен со следниве студиски програми.

 Студиска програмаБрој на студенти Школарина (во евра)
 Културолошки студии
               20
                  4500
 Македонистика – потпрограма Македонска книжевност               36
                  4500

Пријавување: 9 – 22 септември 2025

Конкурс трет циклус 2025/26 

Ментори од Институтот за македонска литература при Универзитетската школа за докторски студии

Структура на студиските програми

Водич низ студиите трет циклус

Решение за акредитација трет циклус Културолошки студии

Решение за акредитација трет циклус Македонистика – македонска книжевност и култура

Решение за почеток со работа на третиот циклус Културолошки студии

Решение за почеток со работа на третиот циклусМакедонистика – македонска книжевност и култура

Елаборат за студиската програма Културолошки студии на третиот циклус

Докторските студии се изведуваат во текот на три академски години. Наставата се одвива во текот на два семестри во кои се стекнуваат знаења во Школата за докторски студии на УКИМ и од наставата по 4 стручни предмети на Институтот. Во рамките на овие два семестри предвидена е и менторска работа. Третиот семестар е предвиден за пријава на докторската дисертација, а наредните три (четврти, петти и шести семестар) за истражување и нејзина изработка. Менторската работа ќе биде во тесна корелација со изработката на докторската дисертација, односно ќе ги воведе кандидатите во специфичната методологија на научно-истражувачката работа поврзана со темата на дисертацијата. Во сите три години се предвидени полугодишни и годишни конференции, а во втората и третата година и по една научна работилница.

ОДБРАНА НА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА

јули 2025
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Реџеп Хоти јавно ќе ја брани докторската дисертација СЛИКА НА ДРУГИОТ ВО АЛБАНСКАТА КНИЖЕВНОСТ НА 20 ВЕК.
Одбраната ќе се одржи на 2 јули 2025 година (среда) во 10.00 часот во салата за седници на Институтот.
 
јуни 2025
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Елмазе Нура јавно ќе ја брани докторската дисертација КОНТРАСТНИ ПЕРСПЕКТИВИ НА ТЕАТАРОТ: КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА МЕТОДОТ НА АКТЕРСТВОТО НА СТАНИСЛАВСКИ И ЕПСКИОТ ТЕАТАР НА БРЕХТ.
Одбраната ќе се одржи на 16 јуни 2025 година (понеделник) во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.
 
април 2025
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Ема Лакинска јавно ќе ја брани докторската дисертација АРХЕТИПСКО ЧИТАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ СКАЗНИ (ВРЗ ИЗБОР СКАЗНИ ЗАПИШАНИ ОД МАРКО ЦЕПЕНКОВ).
Одбраната ќе се одржи на 11 април 2025 година (петок) во 12.00 часот во салата за седници на Институтот.
 
февруари 2025

Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Кристина Христова-Николова јавно ќе ја брани докторската дисертација ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА МАС-МЕДИУМИТЕ ВО НОВИ МЕДИУМИ И КРЕИРАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КУЛТУРА.
Одбраната ќе се одржи на 3 февруари 2025 година (понеделник) во 10.00 часот во салата за седници на Институтот.

јули 2024
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Зоран Пејковски јавно ќе ја брани докторската дисертација СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ТВОРЕЧКА ИНСПИРАЦИЈА.
Одбраната ќе се одржи на 8 јули 2024 година (понеделник) во 10.30 часот во салата за седници на Институтот.

април 2024
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Игор Поп Трајков јавно ќе ја брани докторската дисертација КУЛТУРНОТО ПОДНЕБЈЕ НА ЈУГОТ ВО РОМАНИТЕ НА ФОКНЕР И НИВНИТЕ ФИЛМСКИ АДАПТАЦИИ.
Одбраната ќе се одржи на 5 април 2024 година (петок) во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.

Линк до докторската дисертација на д-р Игор Поп-Трајков

ОДБРАНА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД

февруари 2024
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека ќе се одржат следниве јавни одбрани на магистерски труд:

Јордан Шишовски јавно ќе го брани магистерскиот труд ИДЕЈАТА ЗА ДОМОТ КАЈ ХАЈДЕГЕР, БАШЛАР И ЈУНГ.
Одбраната ќе се одржи на 9.2.2024 година (петок) во 11,00 часот во салата за седници на Институтот.

Сузана Ванеска-Вељаноска јавно ќе го брани магистерскиот труд МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА ВО ПАТОПИСИТЕ ОД XIX ВЕК.
Одбраната ќе се одржи на 12.2.2024 година (понеделник) во 11,00 часот во салата за седници на Институтот.

декември 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека ќе се одржат следниве јавни одбрани на магистерски труд:

Елена Трпевска: РОМАНИТЕ НА ГОЦЕ СМИЛЕВСКИ МЕЃУ МОДЕРНИЗМОТ И ПОСТМОДЕРНИЗМОТ – 7 декември 2022 година (среда), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

Љиндита Кољали: КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ИНТЕРКУЛТУРНОТО ОБРЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 15 декември 2022 година (четврток), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

јули 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Светлана Коробар јавно ќе го брани магистерскиот труд ИСТОРИСКИ И СОВРЕМЕНИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ НА СТАРОЗАВЕТНАТА БИБЛИСКА ЖЕНСКОСТ.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 1 јули 2022 година (петок), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

мај 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Андреа Ичокаева јавно ќе го брани магистерскиот труд ЛИТЕРАТУРАТА НА ИНТЕРНЕТ – КНИГАТА И ЕЛЕКТРОНСКАТА ЕРА.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 16 мај 2022 година (понеделник), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.