Skip to content

д-р Биљана Рајчинова-Николова

Интернет адреса: b_rajcinova@yahoo.com
Научно звање: научен соработник, Одделение за македонска литература во XX век
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска литература 20 век, културолошки студии, студии за медиуми и комуникации
Трет циклус – докторски студии: Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, докторска дисертација Концептите на поимот идентитет во македонските печатени медиуми, 2017
Втор циклус студии:  Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, магистерски труд Егзодусот, егејското прашање и другоста, 2013
Високо образование: Интердисцилинарни студии по новинарство, Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, 2000

Монографии
•  Идентитетот и медиумите, МИ-АН, Скопје, 2019
•  Егзилот, егејското прашање и другоста, МИ-АН, Скопје, 2021

Научни и стручни трудови во периодиката
Објавила педесетина научни и стручни трудови во домашната и во странската периодика.
•  „Модели на проекти во културата: Манифестацијата саем на книгата во Скопје“, во: Креативни економии: ново знаење за нови иницијативи, (приредиле: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Мишел Павловски), МИ-АН, Скопје, 2014.
•  Поимот идентитет виден низ македонските печатени медиуми, Култура/Culture – Меѓународно списание за културолошки истражувања, бр.11/2015, МИ-АН, Центар за култура и културолошки студии – Скопје.
•  Идентитетот и медиумите: теоретски аспект, Context / Контекст – Списание за компаративна книжевност и културолошко истражување, бр. 13/2015, Институт за македонска литература, Скопје.
•  Динамичноста на религиозните рефлексии (врз примерот на драмите Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински и Балканот не е мртов од Дејан Дуковски) во Зборникот од Меѓународната научна конференција Уметност и контекст: Религија у уметничким делима, Центар за научно истражувачка работа САНУ, Универзитет во Ниш, Р. Србија и удружење литера, Ниш, Р. Србија, 2016
•  Пресврт кон историски премолченото – (де)конструирање/реимагинирање на биолошката женскост, видена низ призмата на филмот Вирџина, во режија на Срѓан Карановиќ, во Зборникот од Меѓународната научна конференција Popular Culture: Reading from Below, Institute of Macedonian Literature – Skopje, 2016
•  Културолошката основа на балканскиот модел на светот – темниот вилает и темниот балкански субјект во него (преку призма на филмот Нечиста крв во режија на Стојан Стојчиќ), во Меѓународен зборник на трудови, Македонски фолклор бр.74/2017, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје
•  Медиумите и репрезентацијата на медиумско содржинската депонија, во Зборникот од Меѓународната научна конференција Културата на распродажба: консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти, Институт за македонска литература, Скопје, 2019
Романите на Ташко Георгиевски и Кица Барџиева-Колбе, Спектар – Меѓународно списание за литературна наука, бр. 71/2020, Институт за македонска литература, Скопје.
•  Односот на Блаже Конески кон традицијата, Спектар – Меѓународно списание за литературна наука, бр. 72/2020, Институт за македонска литература, Скопје.

Учества на научни собири
Повеќе меѓународни и национални научни симпозиуми/конференции во земјата и странство меѓу кои во Скопје, Охрид, Струга (Р.Македонија), Белград, Ниш, Нови Сад и Врњачка Бања (Р.Србија), Будва (Р. Црна Гора), Софија, Благоевград, Пловдив и Банско (Р.Бугарија), Солун (Р.Грција), Драч (Р. Албанија), Букурешт (Романија), Познањ, Зелена Гора и Гдањск (Р. Полска).

Истражувачки студиски престој
Универзитетот „Сингидунум“, Белград, Р. Србија, Факултет за медиуми и комуникации, 2013