Визија и мисија
Визија
Високо респектирана научноистражувачка институција со позитивно евалуирани национални и меѓународни научноистражувачки проекти;
- Научно препознатлива во европскиот простор на знаење по презентацијата на истражувачките резултати, по своите меѓународни научни списанија, зборници, научни книги и по атрактивните магистерски и докторски студии;
- Афирмативна од аспект на истражувањата на културниот идентитет преку достојна презентација на македонската литература и култура и националниот статус;
- Поврзана со меѓународната академска заедница преку постојано проширување и јакнење на меѓународната соработка;
- Стабилна со обезбеден континуитет во научните истражувања по пат на непречено вработување и оспособување на млади истражувачки кадри.
Мисија
- Утврдување на научноистражувачки приоритети, сестрано проучување и афирмација на науката за книжевноста и културолошките студии, на македонската литература и култура кај нас и во светот;
- Непречена реализација на научноистражувачки проекти и примена на најновите научни сознанија;
- Континуирано унапредување на квалитетот на студиските програми за втор и трет циклус кои ќе ги подготват студентите за постојан професионален развој;
- Научно и стручно оспособување и усовршување на сопствените научни кадри и подготовка на млади кадри за научна работа, учество на релевантни меѓународни научни собири со цел презентација на научноистражувачките резултати;
- Објавување за да се овозможи увид во резултатите од научните истражувања;
- Соработка со сродни научни и високообразовни установи во земјата и странство;
- Влијание и соработка со јавноста.
Да бидеме единствени, да не ги следиме другите, невозможното да го направиме возможно!