Предметен наставник: проф д-р Ана Мартиноска
Цели на предметот
Стекнување на интердисциплинарни знаења за концептот на народната култура и особено знаења за македонската народна култура;
Усвојување на знаења за значајните карактеристики на народната култура, нејзиниот историјат и жанри;
Проследување на релациите на народната култура со современите културолошки концепти (идентитет, популарна и масовна култура, глобализација, мас-медиуми итн.).
Содржина на предметот
- Дефинирање на терминот на народната култура и сродните термини: традиција, народно творештво, фолклор, усна литература и др.
- Разгледување на концептот во рамките на неколку теоретски дисциплини и интердисциплинарни подрачја (културолошки студии, фолклористика, етнологија, културна антропологија, социологија, историја на литературата и сл.)
- Проучување на народната култура низ историјата (како систем на мислење и однесување на поединците и колективите), со посебен акцент на историјата на македонската народна култура
Значајни карактеристики на народната култура (усност наспрема писменост, анонимност, ритуалност, варијантност, формулност, импровизација…) - Жанри на народната култура (народни песни, приказни, куси жанри, обичаи, верувања, баења итн.)
- Истражување на односот на народната култура и митологијата/религијата.
- Истражување на односот на народната култура и националниот/етничкиот идентитет (национална монокултура, малцинска култура)
- Истражување на односот на народната култура наспрема популарната и масовна култура (култура од народот и култура за народот)
- Истражување на прашање за автентичност на народната култура во ерата на глобализацијата
- Анализа на начините на употреба и злоупотреба на народната култура (во мас-медиумите, современата уметност, туризмот, политиката, идеологијата и др.)
Основна литература
Кирил Пенушлиски (1999) Македонски фолклор – историски преглед, Матица македонска, Скопје
Ана Мартиноска (2014) Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата), Институт за македонска литература, Скопје
Richard Bauman (1992) ed. Folklore, Cultural Performances, and Popular Entertainments: A Communications-Centered Handbook, Oxford University
Дополнителна литература
Thomas A. Green (1997) ed. Folklore: an encyclopedia of beliefs, customs, tales, music, and art, Santa Barbara, California Denver, Colorado Oxford, England
Кирил Пенушлиски (2003) Македонски фолклор – Студии и прилози, Матица македонска, Скопје
Марко Китевски (2014) Историја на македонскиот фолклор, Гирланда, Скопје
Ана Мартиноска (2008) Митот и ритуалот во македонскиот фолклор – релации и проникнувања, Институт за македонска литература, Скопје
