Skip to content

Медиуми: теорија и практика

Предметни наставници: проф. д-р Мишел Павловски, доц. д-р Тамара Ќупева

Цели на предметот

  • да се стекнат основни знаења за новите медиуми и нивното влијание врз креирањето на јавната свест и културата;
  • да се утврдат современите теории на комуникацијата во дигитално опкружување;
  • да се развие критичко разбирање на медиумите, преку ангажирање со медиумски производи и концепти и преку креативна примена на практични вештини;
  • да се стекнат знаења за методологијата на истражување на медиумите;
  • да се стекнат знаења за релациите меѓу општеството и медиумите и културата и медиумите;
  • да се стекнат основните знаења во практикувањето на главните новинарски жанри.

Содржина на предметот

Преку интердисциплинарен, компаративен и историски пристап широко предметната програма го дефинира терминот “медиуми”, вклучувајќи орални, печатени, театарски, фотографски, емитувачки, филмски и дигитални културни форми и практики. Курсот ја разгледува природата на посредуваната комуникација, функциите на медиумите, историјата на трансформациите во медиумите и институциите кои помагаат да се дефинира местото на медиумите во општеството.
За време на курсот ќе се истражат различни теоретски перспективи за улогата и моќта на медиумите во општеството и за влијанието на медиумите на нашите општествени вредности, политички убедувања, идентитети, култура и однесувања. Студентите ќе анализираат одредени медиумски текстови, анализирајќи ги измените кои настануваат кога одреден наратив се трансформира од печатена во визуелна форма и дигитална во различни временски периоди. Ќе се истражи и начинот на кој динамиката на класата, родот или генерацијата влијае на продукцијата и рецепцијата на медиумите. Дел од курсот е посветен на основните жанри во новинарството (вест, коментар, репортажа, интервју, осврт итн.).

Основна литература

Мишел Павловски. Интерна скрипта
Durham, Meenakshi Gigi; Kellner, Douglas. 2006. Media and cultural studies, Blackwell
Hassan, Robert; Thomas, Julian. 2006. The New media theory reader Open University Press

Дополнителна литература

Davies, Máire Messenger; Mosdell, Nick. 2006. Practical research methods for media and cultural studies, University of Georgia Press
Вест, Ричард; Тарнер, Х. Лин.  2011. Вовед во теоријата на комуникациите – Анализа и примена Ex Libris, Висока школа за новинарство и односи со јавноста
Buckingam, David. 2019. Media education Cambridge, UK: Polity Press