ТРАУМАТА ВО ЛИТЕРАТУРАТА (2025 – 2026)
Носител: ЈНУ Институт за македонска литература – Скопје
Времетраење на проектот: август 2025 – октомври 2026
Проектот е поддржан од Министерството за образование и наука на РС Македонија и Договорот се потпиша на 30 јули 2025 година.
Предмет на истражувањата во рамки на овој проект е македонската литература на тема на траумата создавана во различни историски периоди, почнувајќи од средновековната литература преку народната и 19-вековната, па сè до современата литература. Притоа главната идеја е траумата како клучен термин во психоаналитичкиот и културолошкиот пристап на книжевните студии да биде разгледувана во дијахрониска перспектива, опфаќајќи различни концепти во рамки на теоријата на траумата, но и истражување во компаративен и интердисциплинарен контекст, каде македонската литература ќе се разгледува наспроти другите литератури и уметности, но и споредбено со регионалните и глобални искуства.
Во нашата институција, во склоп на претходни проекти, работени како македонско-словачка академска соработка веќе се истражувани поединечни теми кои се допираат на темата на траумата, застапени во монографииите – изданија на ИМЛ Culture in Transition Countries (2018) и The Ethical and Axiological Aspects in the Literature and the Culture of the 20th and 21st Centuries (2021).
На ова прашање му беа посветени и два броја на институтското меѓународно списание Philological studies / Филолошки студии, кое се објавува во соработка со универзитети од пет земји – том 18 бр. 1 (2020) со темата „Помеѓу траумата и егзилот, носталгијата и враќањето“ и том. 22 бр. 2 (2024) со темата „Траумата и наративот“ https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/mk/issue/archive Сепак, сметавме дека темата на траумата, на која во светските академски центри ѝ посветуваат и цели студиски групи, заслужува поцелосно, потемелно и пофокусирано научно истражување во проект кој, темелејќи се на досегашните сознанија, ќе отвори ново поглавје во македонската книжевно-историска наука и ќе ги продлабочи научните знаења во однос на оваа провокативна и актуелна тема. 24 истражувачи ќе понудат свои оригинални толкувања на траумата во сите развојни етапи од македонската книжевност, како наша книжевна меморија и идентитетска одредница од средниот век, преку народната литература и 19 век, се до современата книжевна продукција.
Проектот ќе се реализира преку научна/дебатна работилница, меѓународна научна конференција и објавување на тематски зборник со меѓународна редакција.
Главен истражувач на проектот
Ана Мартиноска, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Членови на истражувачкиот тим
Наташа Аврамовска, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Илија Велев, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Лорета Георгиевска-Јаковлева, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Маја Јакимовска-Тошиќ, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Валентина Миронска-Христовска, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Јасмина Мојсиева-Гушева, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Мишел Павловски, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Африм Реџепи, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Гоце Смилевски, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Соња Стојменска-Елзесер, научен советник / редовен професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Дарин Ангеловски, виш научен соработник / вонреден професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Славчо Ковилоски, виш научен соработник / вонреден професор, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Славица Петровска-Ѓорѓевска, научен соработник / доцент, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Биљана Рајчинова-Николова, научен соработник / доцент, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Тамара Ќупева, научен соработник / доцент, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Ема Лакинска, соработник-истражувач, д-р по културолошки студии, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Сарита Трајанова, д-р по културолошки студии, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Жарко Иванов, соработник-истражувач, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Ана Јовковска, соработник-истражувач, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Марина Цветаноска, соработник-истражувач, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Винсент Вилчник, докторанд, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Ѓоко Здравески, докторанд, Филолошки факултет „Блаже Конески“ и Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
Сара Цветановска, докторанд, Институт за македонска литература, УКИМ во Скопје
