Skip to content

СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет 
“Блаже Конески” и Култура, Скопје, 1997 
Димензии 20см
Број на страници 198
ISBN 9989-32-089-6

Книгата Свети Јоаким Осоговски од Маја Јакимовска-Тошиќ е посветена на Преподобниот отец Свети Јоаким Осоговски е резултат на истражувањата насочени кон утврдување на култот кон светителот и неговиот манастир, лоциран во североисточна Македонија, во близината на значајниот транспортен и социјален центар Крива Паланка. Овој голем и прочуен манастир прераснал во виден културен и духовен центар на сиот регион, во кој се одвивала мошне значајна книжевна дејност. Во книгата се проследени химнографските и хагиографските состави посветени на светителот Јоаким Осоговски, со кои се поврзува значењето на Осоговскиот манастир како духовен и културен центар во средновековието и денес.