Skip to content

Македонски книжевен лексикон

Период на реализација: 1.1.2009 – 31.12.2011

Главен истражувач: д-р Веле Смилевски, научен советник
Соработници: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, научен советник и 
д-р Мишел Павловски, научен советник

Во рамките на проектот обработени се значајни личности, дела, појави, фази и настани од развојот на македонската книжевност од нејзините почетоци до денес. Предмет на научна работа беа одредници од средновековната македонска литература, македонската народна литература, македонската литература од 19 век, македонската литература од првата половина на 20 век, современата македонска литература, како и прашања од доменот на теоријата на литературата и компаративната книжевност. Во реализирањето на проектот работеше екипа од истакнати научни истражувачи, осведочени познавачи и специјалисти по предметната проблематика. Притоа е применет соодветен научно-истражувачки метод со кој се фиксирани низа релевантни факти од македонската книжевна историја и истите се обработени и систематизирани според строгите норми на лексикографскиот пристап. Очекуваните резултати се постигнати на завидно ниво, што може да биде добра основа за наредната фаза од ангажманот на редакцијата, со која проектот треба да ја добие својата конечна форма.