Главен истражувач: д-р Марко Китевски, научен советник
Соработници: д-р Ленка Татаровска, научен советник и д-р Ана Мартиноска, научен соработник

Главната цел на проектот е истражување на оние аспекти на традиционалното во македонскиот фолклор кои се сметаат за непроучени подрачја во македонската фолклористика. Имено, Серафим Бојанов е значаен собирач на македонски народни умотворби од втората половина на 19-тиот век, но неговата активност е сеуште непозната за научната јавност. Исто така, феноменот на ритуалната врева е неистражен како тема во постарата и во современата фолклористика, па целта ќе биде расветлување на ова прашање. Во однос на аспектите на традицијата и фолклорот трансформирани во современото творештво, целта на истражувањето е нивно расветлување во светлината на современите интертекстуални проучувања на литературата.