COST ISO703 „ The European Research Network on Learning to Write Effectively “

COST ISO703 „ The European Research Network on Learning to Write Effectively “

Раководител: Dr. Denis Alamargot, University of Poitiers, FranceКоординатор од Р Македонија: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева Институт за македонска литература, СкопјеУчесник: доц. д-р Ана Мартиноска, Институт за македонска литература, СкопјеЗнаењето се создава и дели во границите на културата главно, преку пишување. Затоа клучна цел на овој проект е да се подобри нашето разбирање за тоа како писмената продукција владее и како овој процес на учење може да се направи поефикасен за секој европски граѓанин, особено за децата на училиште и за возрасните на нивните работни места. Со оглед на разновидноста на образовните системи и јазици, важно е да се изгради заедничка мултидисциплинарна истражувачка програма, во која ќе се споделуваат теоретските, методолошките и образовните ресурси. Оваа истражувачка програма треба да се фокусира на четири комплементарни области: „Рано стекнување на вештини за пишување“, „Развој на писмената комуникација“, „Дизајн на пишани документи“ и „Технолошкиот напредок на алатките за пишување“. Со здружување на европските истражувачки тимови, кои веќе работат на тема за пишување, или имаат намера да го сторат тоа, акцијата поддржува градење на активна и отворена мрежа составена од редовни научни настани, истражувачки средби и обука за помлади истражувачи. Оваа истражувачка мрежа ќе обезбеди средства за ширење на препораките низ Европското општество (училишта, универзитети, работни места), со цел да им помогне на професионалците и на граѓаните да пишуваат, да научат да пишуваат и да предаваат пишување поефективно во рамките на нивните посебни културни контексти, како и да комуницираат преку културните граници со помош на пишувањето.