Дарин Ангеловски

Интернет адреса: angelovskidarin@gmail.com
Научно звање: научен соработник
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонско-балкански книжевни и културни врски, антички студии, културолошки студии
Трет циклус – докторски студии: УКИМ во Скопје, Институт за македонска литература
Докторска дисертација: Рецепцијата на античката литература во македонската културна средина
Постдипломски студии: Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје
Магистерски труд: Идентитетите во транзициските процеси (врз примери од македонската и од бугарската литература)
Високо образование: Институт за класични студии, Филозофски факултет при УКИМ во Скопје

 

 

Учество во научноистражувачки проекти:
Интеркултурна историја на македонска литература – аспекти и толкувања 
Меѓународен проект: Филолошки студии

Научни и стручни трудови во периодиката: Објавил триесетина научни и стручни трудови во земјата и странство.

Истражувачки студиски престој остварил во Софија, Бугарија (2016).

Учества на научни собири: Учествувал на повеќе научни собири во земјата и странство.

Монографија: Идентитетите и транзицијата. ЗККМ. Скопје. 2014.

Членства во научни и други професионални асоцијации: Здружение на класични филолози на Македонија „Антика“; Здружение за компаративна книжевност на Македонија – ЗККМ

Општествени и професионални должности: Член на уредувачкиот одбор на Меѓународното интердисциплинарно славистичко списание Филолошки студии. Во 2017 год. бил уредник на издавачката дејност на Артконект. Учествувал во организационите одбори на научни конференции и учествувал во техничкото уредување на зборници од меѓународни конференции (IV Меѓународен научен собир Македонско – хрватски книжевни, културни и јазични врски, Охрид, 2013; Меѓународна научна конференција За љубовта, Скопје, 2014; Меѓународна научна конференција Популарна култура: поглед одоздола, Скопје, 2014.)