Главен истражувач: д-р Африм Реџепи, научен советник
Соработник: д-р Александар Прокопиев, научен советник
Млади истражувачи: м-р Зејнеп Усеин, докторантка на ИМЛ, Илија Прокопиев и Јетон Рашити, постдипломци на ИМЛ

Целта на научноистражувачкиот потфат е истражувањето на естетските категории во романот. Проектот ја демонстрира размислата дека книжевноста без естетиката, без нејзиното преплетување со другите уметности (сликарството, музиката, скулптурата, филмот и др.) недоволно ја оправдува сопствената егзистенција. Затоа, овој проект за истражувачка парадигма ја има естетската критика, бидејќи единствено така може да се долови ефектот на романескниот текст (естетскиот објект). Докажано е и во парадигматичната теорија (Жерар Женет, Умберто Еко, Харолд Блум), дека преку ефектот (aesthesis) се одредува сушноста на книжевниот текст.