Илија Велев
Интернет адреса:ilijavelev@yahoo.com
Научно звање: научен советник / редовен професор
Потесна област на научноистражувачки интерес:
медијавистика, византологија, палеославистика, археографија, историографија и современа литература
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Развојот на македонската книжевност во XIV век, 1994
Постдипломски студии:
Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Лесновскиот книжевен центар, 1988
Високо образование:
Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје,
група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ и Македонски јазик, 1982
 

 
Научноистражувачки проекти
Учество
  • Историја на македонската литература
  • Средновековни жанрови во старата македонска литература
  • Скрипторски центри во средновековна Македонија
  • Творци на средновековната македонска книжевност
  • Кирилометодиевскиот превод на Библијата
  • Света Гора и македонското книжевно наследство
  • Меѓународен макропроект Slovo: Towards a Digital Library of South Slavic Manuscripts  (финансиран од Европската унија со учество на експерти од Австрија, Бугарија, Словенија, Србија и Македонија)

 Главен истражувач

  • Византиско-македонски книжевни врски
  • Свети Константин-Кирил и Методиј Солунски – монографско истражување
Студиски престои
Остварил студиски престои во научните центри во Москва (Руска Федерација), Софија (Република Бугарија) и Белград (Србија и Црна Гора).
 
Се појавува како автор на поетски, прозни, критичко-есеистички, книжевно-научни и историографски дела.
 
Монографии
  • Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Наша книга, Скопје, 1990
  • Македонска средновековна книжевност (коавтор), Македонска книга, Скопје, 1991
  • Македонскиот книжевен XIV век, Веда, Скопје, 1996
  • Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Менора, Скопје, 1996
  • Скрипторски центри во средновековна Македонија (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература при Филолошки факултет, Скопје, 1997
  • Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје, 1997
  • Кирилометодиевската традиција и континуитет, Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 1997
  • Кога морето се изговара без брегот, Менора, Скопје, 2000
  • Средновековни книжевни антологии, Менора, Скопје, 2000
  • Проникнувања на традицијата и континуитетот, Институт за македонска литература, Скопје, 2000
  • Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар, Институт за македонска литература, Скопје, 2001
  • Творци на средновековната македонска книжевност (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература, Скопје, 2004 
  • Лесновски – ковачевиќев пролог, Менора, Скопје, 2002
  • Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005
  • Низ преминот на традицијата, Книжевно-историски погледи, Дијалог, Скопје 2006
  • Македонскиот јазик во глобалниот свет, 2008 – Година на македонскиот јазик, Влада на Република Македонија (коавтор), Скопје 2008
  • The Macedonian Language in the Global World, 2008 – Year of the Macedonian language, Skopje 2008.
  • La Lingua macedone nel mondo globale, 2008 – Anno della lingua macedone, Skopje 2008.
  • Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо (коавтор), Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2008.
  • Macedonian Glagolitic and Cyrillic Manuscripts, Contributors: Ilija Velev, Liljana Makarijoska, Emilija Crvenkovska, Skopje 2008.
  • Македонска книжевност IX-XVIII век, том 1 од 135 томови Македонска книжевност, Издавачки макропроект на Владата на Република Македонија, Битола 2008
  • Macedonian literature IX-XVIII century, volume 1 from 130, Macedonian literature, Skopje 2010
  • Во почетокот беше Словото, Институт за македонска литература, Скопје 2009
  • Macedonian literature IX-XVIII century, volume 1 from 135, Macedonian literature, Skopje 2010
  • Беседа против богомилите на Презвитер Козма, Македонска реч, Скопје 2011
  • Св. Константин-Кирил Филозоф. 1150 години од Моравската мисија и од воспоставувањето на кирилометодиевската традиција, Соларис Принт, Скопје 2013
  • Историја на македонската средновековна книжевност. Прво кратко издание, Дијалог, Скопје 2013
  • Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност. Второ проширено издание, Гирланда, Скопје 2014
  • Хронографијата и Романот за Александар Велики – Македонски, Скопје 2014
  • Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2016
  • Свети Климент Охридски. По повод 1100 години од неговото блажено упокојување (†916-2016). Специјален објавен прилог во дневното издание на Нова Македонија, год. LXXI, бр. 23922, Скопје, среда-четврток 7-8 декември  2016
  • Свети Климент и Наум Охридски (коавтори Тони Филипоски и Ратомир Грозданоски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2016
  • Македонска преродба (коавтори Валентина Миронска-Христовска и Марко Китевски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2016
  • Светите Кирил и Методиј(коавтори Тони Филипоски и Ратомир Грозданоски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2017
  • Културноисториски проникнувања, Гриланда, Скопје 2017

Поетско-белетристички изданија

  •   Далечина, збирка поезија, Книжевна младина на Македонија, Скопје 1980.
  •   Одлагање на говорот, збирка поезија, Култура, Скопје 1988.
  •   Мораме да крвавиме, збирка раскази, Менора, Скопје 1999.
  •   Искушение пред бескрајот, собрани стихови, Макавеј, Скопје 2008.

Приредени изданија
•   
Бисеро моме, Бисеро. Избор од македонската љубовна лирика од Преродбата до 1944 година, Култура, Скопје 1990
•    Антологија на македонската книжевност. Книжевни остварувања од IX до XXI век, Институт за македонска литература, Скопје 2014

Електронски изданија
•    Кирилицата по врвицата на словенската писмена традиција во Македонија. Кириллица тропой славянской письменной традиции в Македонии, Министерство за култура на Република Македонија. Продукција „Томато“, Скопје 2010
•    Кирилицата по врвицата на писменоста во Македонија, Нова Македонија, Скопје 2010
•    Византиско-македонски книжевни врски, Второ проширено електронско издание, Институт за македонска литература, Скопје 2012
•    Четвороевангелието на поп Јоан Кратовски од 1562 година, Институт за македонска литература, Скопје 2012

Научни и стручни трудови во периодиката

Автор е на повеќе од 400 објавени прилози во научната периодика.
 
Научни собири
Учествувал на повеќе од 150 меѓународни и национални научни собири и конференции во Македонија и во други земји, главно од областа на медијавистиката, византологијата, палеославистиката, културологијата и историографијата.
 
Членства во научни и други професионални асоцијации

Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Општествени и професионални должности

  • Раководител на научната единица Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1996-1998);
  • Член на Факултетската управа на Филолошки факултет „Блаже Конески“ (1996-1998);
  • Прв в.д. директор и учесник во институционалното осамостојување на ЈНУ Институт за македонска литература, во два мандата (1998-1999);
  • Член на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1998-1999);
  • Член на Советот на Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура (1998-1999);
  • Главен и одговорен уредник на списанието за книжевна наука Спектар на Институтот за македонска литература (1995-1999, од бр.25 до бр.34) и член на редакцијата (2000-2001, од бр.35 до бр.38);
  • Еден од основачите и член на редакцијата на научното списание Кирилометодиевистика, издавач Менора од Скопје (2003-2005, од бр.1 до бр.3);
  • Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (2001-2004);
  • Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје (2005-2008);
  • Претседател на Комисии за одобрување на учебници за средно образование по предметот Македонски јазик и литература во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука, во повеќе наврати (2001-2007);
  • Претседател или член на Жири-комисии за наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика и есеистика при Друштвото на писателите на Македонија, во 9 наврати (2000-2013);
  • Член на Комисијата за доделување на наградата „13 Ноември“ на град Скопје од областа на науката за 2007, 2015, 2016 и 2017 година;
  • Член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Владата на РМ, во два мандата (2007 и 2008);
  • Член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во два мандата (2004 – 2008 и 2008 – 2012);
  • Член на Интеруниверзитетската конференција на РМ (2008 – 2012);
  • Еден од иницијаторите, државен програмски координатор и член на Организацискиот одбор на 2008 – Година на македонскиот јазик при Владата на РМ;
  • Еден од иницијаторите и организаторите на Првиот македонистички научен собир во Охрид 2008 година;
  • Член на Програмскиот одбор на Меѓународниот славистички конгрес во Охрид 2008 година;
  • Член на Комисијата за доделување на државната награда „Климент Охридски“ од областа на културата за 2009 година;
  • Претседател на Програмско-организасикиот одбор на Меѓународниот научен собир „Св. Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“ (По повод 1100 години од смртта на преп. Наум Охридски”, организиран од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Охрид 4-7 ноември 2010 година.
  • Координатор на четвртата научна средба по повод празникот на Св. Климент Охридски при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за темата „Свети Климент Охридски и Охридската духовна и книжевна школа“, декември 2010 година.
  • Претседател на Програмско-организацискиот одбор на Меѓународниот научен собир „Кирилометодиевската традиција и македонско-руските духовни и културни врски“ (По повод 1150 години од Моравската мисија и од словенската писменост, организиран од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Охрид 3-4 октомври 2013 година.

 Награди и признанија

  • Добитник на државната награда „Гоце Делчев“ во 2006 година, како општествено признание за особено значајно остварување во областа на науката за монографското издание Византиско-македонски книжевни врски, Скопје 2005;
  •  Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година за посебна афирмација во областа на научно-истражувачката дејност;
  •  Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2008 година за посебен придонес во развојот и работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
  • Добитник на наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 2014 година од областа на науката за научното издание Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност (Скопје 2014).