Главен истражувач: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, научен советник
Соработници: м-р Гоце Смилевски, асистент-истражувач, д-р Билјана Јосифовска-Ристовска (ИНИ)
Млади истражувачи: м-р Славчо Ковилоски и м-р Дарин Ангеловски

Со работата врз овој проект, ќе се создадат услови за составување на македонски интеркултурен лексикон, а потоа и македонска интеркултурна историја. Целта на проектот е да се евидентираат појавите, друштвата, авторите, списанијата со интеркултурна содржина кои егзистираат во дијаспората на Македонија. Посебено се потенцирани и истражувани македонските дводомни автори, од времето на антиката до денес, со цел за нивна презентација и афирмација пред македонската научна и културна јавност.