Носители на меѓународната конференција: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Институт за македонска литература и Факултет за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ко-координатори: Дарин Ангеловски (ИМЛ), Кристина Николовска (ФлФ), Деспина Ангеловска (ФДУ)
Целта на конференцијата е преку книжевно-компартивистички пристап да се разгледаат и осмислат релациите меѓу концептите на митското мислење и драмското/театарското творештво низ повеќе различни периоди. Учесниците се од земјава и од повеќе странски високообразовни и научни центри (Франција, Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Мароко, Финска и др.).
Со пријавените теми и учесници, оваа меѓународна интердисциплинарна конференција прави синтеза на повеќе хуманистички научни полиња и области – книжевност, драматургија, театрологија, естетика, семиотика, културолошки студии итн.
Конференцијата ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2024 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје.
Свеченото отворање е на 29 ноември 2024 во 10.00 часот.