Главен истражувач: д-р Соња Стојменска-Елзесер, научен советник
Соработници: д-р Александар Прокопиев, научен советник и д-р Наташа Аврамовска, научен советник

Проектот ги сумира основните области, проблеми и методолошки концепти на компаративната книжевна наука денес. Таа не е монолитна и во својот историски развој се разгранувала во различни сфери, кои се негуваат во различни компаратистички центри. Продлабочените истражувања на тие сфери, со нивните поважни достигнувања се основа за збогатување на македонската компаративна книжевност, која парцијално и повремено ги користи, но сe уште добро не ги познава придобивките на нијансираните компаратистички методологии во светот. 
Проектот има автореференцијален карактер, затоа што во него преку систематизирано компаративно истражување се остварува покомплетна слика за компаратистиката како дисциплина и нејзините варијации во светот, се спознаваат основите за нејзината опстојба и перспективите за нејзината иднина.