Skip to content

Литературите на припадниците на заедниците во Македонија

Одделението за литературите на припадниците на заедниците во Македонија

за основна преокупација ја има теоријата и естетиката на литературата на припадниците на заедниците во РС Македонија. Бидејќи без прецизно фундирана книжевна теорија и естетика, научно не може да се истражува одредена книжевност, покрај структурално-аналитичката и структурално-семиотичката интерпретација, се применува деконструктивистичката и постструктуралистичката интерпретација, и во последно време универзалистичката интерпретација. Како жанр е истражуван романот (Луан Старова, Мурат Исаку), расказот (Ким Мехмети, Нехас Сопај) и теоријата на критиката (Али Алиу). Во рамките на научноистражувачката дејност на Одделението, особено внимание се посветува на компаративната научноистражувачка прагматика меѓу македонската и албанската книжевност, интеркултурната комуникација, како и книжевно преведувачката практика од македонски на албански јазик и обратно (Александар Прокопиев, Исмаил Кадаре, Шкелзен Халими).

Раководител: д-р Африм Реџепи, научен советник