Foto Popularna2

Popular Culture: Reading From Below / Популарна култура: поглед одоздола
уредници: Ана Мартиноска и Маја Јакимовска-Тошиќ
извршни уредници: Дарин Ангеловски и Сарита Трајанова

Институт за македонска литература, Скопје, 2016
Димензии 24см
Број на страници 808
ИСБН 978-608-4744-05-4

Зборникот произлезе од трудовите презентирани на меѓународната научна конференција Popular Culture: Reading From Below / Популарната култура: поглед одоздола, која во организација на Институтот за македонска литература се одржа во ноември 2014 година. На 800 стр., речиси е претставена целокупноста на манифестациите на популарната култура преку телевизијата, филмот, музиката, книжевноста, модата, интернетот, спортот, стрипот итн. Зборникот содржи посебни поглавја за родовите, телото и популарната култура; популарната култура наспроти политичките и идеолошките концепти; супкултури / културата како маркет; новите форми на популарна култура; медиумите и познатите личности; популарната книжевност; популарната култура и општеството; историски пристап во истражувањето на популарната култура; модата, дизајнот, спортот и популарната култура, популарна музика, синеманиа, телевизијата и медиумската култура. На тој начин се демонстрираат интересни и мноштво различни пристапи, аспекти и двоумења, со што се постигнува посакуваната отвореност и критичност како едни од одликите на културолошките студии, кои од 2008 година се застапени како студиска програма на магистерските и докторските студии на Институтот за македонска литература.

Покрај истакнати научни истражувачи, професори и културолози, во Зборникот како автори се јавуваат и повеќемина успешни студенти на студии од областа на културата од земјата и странство. Сите тие, преку 70-тината научни трудови, всушност ја оцртуваат физиономијата на популарната култура, нејзиниот семантички потенцијал и динамична природа.