Институтот за македонска литература, на 15 ноември 2013 година, беше посетен од црногорските учесници на научниот собир „Македонија за Његош“ (Скопје, 14-15 ноември 2013), м-р Александар Радоман од Институтот за црногорски јазик и книжевност во Подгорица и Мирољуб Орландиќ од Заедницата на Црногорците во Република Македонија. Се констатира заедничката потреба и интерес за воспоставување соработка помеѓу двата сродни научни институти во областа на науките за јазикот и книжевноста и културолошките студии.
Посетата на Институтот од страна на црногорските колеги е забележана во нивните печатени медиуми.
http://montenegrina.net/fokus/skoplje-posjeta-institutu-za-makedonsku-literaturu/

