Istorija 1ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ  
СРЕДНОВЕКОВНА КНИЖЕВНОСТ – Вера Стојчевска-Антиќ

Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет и Детска радост, Скопје,1997 
Димензии 24см
Број на страници 514
ИСБН 9989-30-221-9
Цена 500,00 ден.

 

Институтот за македонска литература преку Одделението за средновековна македонска литература повеќе од 10 години работеше врз проекти под овој наслов. Раководител и на Одделението и на проектите беше проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ со соработниците д-р Ѓорги Поп-Атанасов, д-р Илија Велев, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Добрила Миловска. Како резултат на оваа дејност се појави споменатиот наслов, во кој се сумирани долгогодишните истражувања на славистите за средновековна македонска книжевност. Посебно место добива Кирилометодиевскиот период, создаваните ракописи и текстови на теренот на Македонија, дејноста на: Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски, епископ Константин Брегалнички, Црноризец Храбар, презвитер Козма. Претставени се сите средновековни книжевни родови: хагиографии, апокрифи, романи, раскази, историски списи, средновековни школи.