Главен истражувач: д-р Илија Велев, научен советник
Соработници: д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, научен советник и д-р Валентина Миронска-Христовска, научен советник

Цел на проектот е да се извршат идентификација и темелни истражувања на изворите за светите Константин-Кирил и Методиј Солунски, како и да се проучат нивните засведочени оригинални книжевни дела, а притоа да се проследи воспоставувањето и ширењето на нивниот светителски култ, заснован главно врз словенската просветителска и книжевна дејност. Истражувачките резултати треба да создадат фонд од изворна граѓа за пишување на монографски трудови за светите Константин-Кирил и Методиј Солунски. На тој начин ќе се постават темелите на македонскиот средновековен книжевно-историски развој и ќе се разјасни изворноста на нејзиниот континуитет и творечки растеж преку дејноста на нивните најистакнати ученици и следбеници светите Климент и Наум Охридски, основоположници на Охридската книжевна школа и протагонисти за ширење на словенска цивилизациска свест во Македонија.