Korica Zbornik Urbani identiteti 2020 Predna

Зборник на трудови од меѓународниот симпозиум „Урбани културни идентитети – Скопје и Истанбул“, Институт за македонска литература во соработка со Факултетот за литература – Катедра за словенски јазици и литература, Катедра за македонски јазик и книжевност при Истанбулскиот универзитет (Истанбул, 13 и 14 ноември 2019)
Уредници: Маја Јакимовска-Тошиќ, Ѓонул Узелли

Институт за македонска литература, Скопје, 2020
Димензии 24см
Број на страници 310
ISBN 978-608-4744-20-7
Цена 500,00 ден.

Во зборникот Урбани културни идентитети – Скопје и Истанбул се вклучени 19 трудови во кои се презентираат видувања за урбаниот концепт на градовите Скопје и Истанбул, кои во текот на историјата бележат значајни и мошне интензивни политички, економски и културни релации. Значењето на Зборникот го согледуваме во понудените теми кои ни ги разоткриваат јазичните, историските и културните врски помеѓу двата града Скопје и Истанбул, меморијата за застапеноста на топосот Истанбул во делата на Матеја Матевски и кај Тарик Туфан, одразот на овие релации во македонската и турската народна и современа поезија, компаративните споредби на влијанието што го имаат градовите во творештвото на Владимир Јанковски и кај А. Х. Тампинар, во книжевните светови на Луан Старова итн. Дел од текствите ќе не вратат и во минатото кога започнала да се остварува врската помеѓу овие два града, уште за време на Византија, преку 16 век движејќи се кон модерната историја на 19. и 20.  век, во кои се вклучени промислувањата за отоманските споменици како дел од културната промоција на Скопје, како и за карактеристиките и улогата на Скопската чаршија. Во преостанатите текстови се презентирани и клучните културни врски од 20 век како што е придонесот на научниците од Скопје во научниот и културниот живот во Истанбул, за улогата на Турскиот театар на културната сцена во Скопје, а овие релации се претставени и преку сродноста во музичката интерпретација и музичките инстументи, како и преку уметничкото творештво на Сабри Беркел.
Зборникот „Урбани културни идентитети Скопје и Истанбул“ овозможува поголема промоција на македонската култура во Турција, како и на турската во македонската културна средина низ интердисциплинарен пристап. Ова издание е влог за продлабочување на билатералната соработка помеѓу културните, образовните и научните центри на РС Македонија и Р Турција, како и за зајакнување на традиционално добрите македонско-турски културни и книжевни врски.

ПРЕДГОВОР на Зборникот

Содржина