Skip to content

МАКЕДОНСКО-СЛОВАЧКИ КНИЖЕВНИ, КУЛТУРНИ И ЈАЗИЧНИ ВРСКИ II / MACEDÓNSKO-SLOVENSKÉ LITERÁRNE, KULTÚRNE A JAZYKOVÉ VZŤAHY II

Zbornik mak.slovacka

Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски II/
Macedónsko-slovenské literárne, kultúrne a jazykové vzťahy II
уредници: Маја Јакимовска-Тошиќ, Звонко Танески, Славчо Ковилоски

Институт за македонска литература, Скопје, 2016
Димензии 30 см
Број на страници 220
ИСБН 978-608-4744-06-1

Вториот зборник на научни трудови претставува издание на Институтот за македонска литература во Скопје од научната конференција Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски, која се одржа во Македонската академија на науките и уметностите на 2 и 3 јули 2015 година.

Научните трудови (34) се објавени на македонски, словачки или англиски јазик и се придружени со апстракти и резимеа соодветно на другите два јазика. Тие се поделени во неколку групи: трудови со кирило-методиевска проблематика, проследена од книжевно-историски, лингвистички и историографски аспект со цел да се расветли мисионерска дејност на светите Кирил и Методиј и нивните следбеници; трудови во кои доминира споредбена лингвистичка анализа со цел да се согледаат сродностите во културниот светоглед на Македонците, Словаците, но и другите словенски народи; трудови посветени на фолклорот и фолклористиката со идеја да се потенцираат македонско-словачките допири и влијанија и во овие научни области; трудови на современи книжевни теми во жанрот на поезијата, постмодерната и мемоарската проза, каде се опфатени автори од двете средини кои стекнале поширока интернационална рецепција. Авторите во Зборникот се докажани научници од двете држави, но и истражувачи од помладата генерација.