Главен истражувач: д-р Валентина Миронска-Христовска, научен советник
Соработник: д-р Васил Тоциновски, научен советник во пензија
Млад истражувач: м-р Славчо Ковилоски

Основната задача на проектот е да го проучи и осветли континуитетот на долговековната македонска литературна продукција и да се посочи врската на македонските литературни творби од 19 век со современата македонска литература. Во тој контекст се насочени и истражувањата за појавата на драмските творби во 19 век преку училишниот театар, т.н. “разговорите”, Џинот, Молеров, Н. Македонски, преку кои прозвучил македонскиот збор пред македонскиот народ. Македонската литература во 19 век ги следела тековите и резултатите и од јужнословенската, па и од европската книжевност. Доказ за тоа е поемата која има особено значење бидејќи како жанр била извонредно податлива форма да се искажат националната традиција и континуитетот од една и новата книжевна фаза – романтизмот од друга страна. Доста присутен и значаен литературен жанр во 19 век бил патописот, кој го овозможил и себеспознавањето т.е. сознанијата за Македонија и сознанието за “другиот”. Проследени се националните и културните вредности на драмите, поемите и патописите од 19 век.