Skip to content

КУЛТУРАТА НА РАСПРОДАЖБА: КОНСУМЕРИЗМОТ И КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА КУЛТУРНИТЕ ПРОДУКТИ

Kulturata na rasprodazaba

Уредници: Ана Мартиноска и Маја Јакимовска-Тошиќ

Институт за македонска литература, Скопје, 2019
Димензии 21см
Број на страници 233
ИСБН 978-608-4744-15-3
Цена 500,00 ден.

     Зборникот „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“ е резултат од Меѓународниот научен собир со дебата кој го организираше Институтот за македонска литература по повод јубилејот 10 години културолошки студии во книжевноста и се одржа на 28 и 29 ноември 2018 година во просториите на Институтот за македонска литература.
     Зборникот претставува анализа на културата во пазарното општество, со главен акцент на конзумеризмот и комерцијализација на уметничките и културните производи. Иако овие процеси не се нови и сами по себе не се ниту добри, ниту лоши, интересно е да се проследи до каде се оди со конзумеризмот и комерцијализацијата на културата во актуелниот миг во Македонија, колку овие процеси ја соголуваат културата од нејзината основна суштина и ја менуваат за потребите на пазарот.
     Во овој Зборник на трудови се вклучени професори од вториот и третиот циклус културолошки студии на Институтот за македонска литература, други експерти од различни области на културата, веќе магистрирани и докторирани кадри кои минале низ овие студии. Имајќи ги во предвид различните профили на учесниците, Зборникот е интердисциплинарен по својот состав, вклучувајќи историчари на уметност, филозофи, адвертајзинг и маркетинг стручњаци, медиумски работници, културолошки истражувачи, архитекти итн.
     Со објавување на овој Зборник се заокружи едно научното проследување на културата во Македонија од аспект на нејзината релација со пазарното општество и актуелните општествени процеси врзани со консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти.

Содржина:

Ана Мартиноска
Теориски перспективи на супермаркет културата – Блескава фасада и новокомпонирани вредности
Димитрије Големовиќ
Дали култура треба и може да издржава саму себе?
Иван Џепароски
Убавина на продажба: деестетизација на уметноста и естетизација на секојдневното
Маја Јакимовска-Тошиќ
Културното наследство и вредносните канони
Антоанела Петковска
Конзумеризмот во услови на културна траума
Лорета Георгиевска-Јаковлева
Културата против/и пазарот: од историјата на културолошките студии во Македонија
Африм Реџепи
Естетиката дизајнот
Јасмина Мојсиева-Гушева
технологии и нивната улога во културната економија (историски преглед)
Николинка Нолевска
Влијанијата на новата технологија, конзумеризмот и комерцијализацијата врз сензомоторниот развој на децата од најрана возраст
Младен Марковиќ
Правим музику у фазону – како је пропао ROCK’N’ROLL (у Србији)
Александар Трајковски
Дали музиката може да го „продаде“ филмот? (Преку примерите во македонската конематографија)
Славчо Ковилоски
Како една супкултура може да стане мејнстрим (Врз примерот на хип-хопот)
Сарита Трајанова
Вредноста на културниот производ
Биљана Рајчинова-Николова
Медиумите и репрезентацијата на медиумско содржинската депонија
Татјана Миљовска
Креативните принципи на Кандински и Малевич  и соочување со консумеризмот
Крсте Господиновски
Анимација – индустрија и/или културно наследство
Елизабета Шелева
Лајковина татковина (критички пролог кон феноменот на инстант литературата)
Соња Стојменска-Елзесер
Што е книжевна вредност
Александар Прокопиев
Кои се македонските прозни класици?
Гоце Смилевски
Караоке културата низ визурата на Дубравка Угрешиќ
Славица Петровска
Современите бестселери и онлајн продажбата
Дејан Трајкоски
Уредниците во издаваштвото конзумирани од комерцијализација