Skip to content

Меѓународна конференција од проектот ЕВРОПСКАТА РУТА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ И СКОПСКО

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе одржи меѓународна конференција ЕВРОПСКАТА РУТА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ И СКОПСКО.
Конференцијата е дел од Програмата Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј под покровителство на Советот на Европа. https://www.cyril-methodius.cz/

Линк – Институтот за македонска литература е член на Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј при Советот на Европа

Конференцијата ќе овозможи да се претстават резултатите од проектот од областа на културата (со истиот наслов), којшто Институтот за македонска литература го реализира во 2024 година, со финансиска поддршка од Министерството за култура на туризам на РС Македонија. 
Свеченото отвoрање и програмскиот дел ќе се одржи на 8 октомври 2024 (вторник), со почеток во 10.00 часот, во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“, Скопје.

Програма и апстракти

Брошура

Постер