
Конференцијата, во заедничка организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за книжевност и уметност во Белград се одржа во Белград на 28 и 29 октомври 2025 година. Таа произлезе од истражувањата во рамки на меѓународниот проект „Тајните на човечката душа низ призмата на книжевноста“, поддржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија за 2025 година. Конференцијата според програмата беше отворенa со поздравните говори на директорката на Институтот за книжевност и уметност од Белград проф. д-р. Светлана Шеатовиќ и директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска, како и на раководителите на проектот проф. д-р. Бојан Јовиќ и проф. д-р. Јасмина Мојсиева-Гушева.
Работниот дел од конференцијата се одвиваше во два дена, во шест сесии со учество на 22 истакнати научни истражувачи од двата института, со плодни дискусии по презентираните излагања, промоции на изданија, поврзани со проектната тема и проекции на два филма со што се проширија хоризонтите на сознанијата за македонската и српската литература и култура.

