Одделение за македонска литература во XIX век
ги проучува просветителите, литератите, учебникарите, собирачите на народни умотворби, публицистите и воопшто интелектуалците кои со своите активности го започнале процесот на нормирањето на македонскиот литературен јазик, развојот на сите литературни жанрови, на женското писмо, со што го овозможиле развојот на современата македонска литература, а и на културниот живот воопшто. Во истражувањата, поради сложеноста на општествено, политичките, економските и црковните состојби, неминовни се и проследувањата на процесите и идеологиите кои се одвивале и влијаеле врз литературниот односно културниот развој воопшто. Воедно, главната цел на истражувањата се проследувањата на македонскиот континуиран литературен и културен развој, поради што истражувањата се протегаат и во првите децении од 20. век.
Раководител: д-р Валентина Миронска-Христовска, научен советник
Членови: д-р Славчо Ковилоски, научен соработник
м-р Марина Цветаноска, соработник-истражувач