Одделението за средновековна македонска литература
го проучува македонското ракописно наследство од книжевно-историски, текстолошки, палеографски, компаративен аспект во периодот од 9 до 18 век. Во рамките на проектите се проследуваат разновидниот книжевен жанровски систем и евидентираното зачувано ракописно книжевно наследство со македонска провениенција. Се истражуваат: македонските книжевни дејци; македонските книжевни и скрипторски центри; неканонските историско-летописни, белетристички, апокрифни и поетско-декламаторски текстови; врските на македонската средновековна книжевност со византиската и со другите словенски и балкански литератури; поствизантиските книжевноисториски процеси – дамаскинарството, просветителските пројави во 17. и 18. век и сл. Одделението, проследувањето на средновековната македонска литература и култура го остварува од интердисциплинарен и културолошки аспект.
Раководител: д-р Илија Велев, научен советник