Skip to content

Македонска литература во XX век

Одделение за македонска литература во XX век

за предмет на научен интерес ги има развојните процеси, автори и дела кои втиснуваат особен печат во периодот на XX и XXI век. Одделението истражува неколку важни преломни фази во македонската литература и култура: првите години на векот (особеностите на книжевните и општествените појави на преминот меѓу 19 и 20 век), Илинденскиот период, македонската литература меѓу двете светски војни, литературата што се создаваше во Народно-ослободителната војна, повоениот период или период на регуларен развој, како и актуелните книжевни и уметнички остварувања, условени од општествените промени: литературата и културата во транзиција, идентификување на колективниот, индивидуалниот, етничкиот и родовиот идентитет, книжевната и колективната меморија, прашањето за моќта, како и прашањата врзани за културната политика. Предмет на научно расветлување и толкување се и особеностите од книжевните жанрови (во поезијата, прозата, драмата, критиката), како и прашања што произлегуваат од мотивско-тематските и стилските карактеристики на делата создавани во различните фази (обусловени и од различните општествени констелации) од развојот на македонската литература во текот на ХХ и XXI век, како и врските помеѓу книжевноста и другите уметности.

Раководител: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, научен советник
Членови: д-р Мишел Павловски, научен советник
                  д-р Биљана Рајчинова-Николова, научен соработник