Skip to content

Македонско-балкански книжевно-историски врски

Одделението за македонско-балкански книжевно-историски врски

Одделението за македонско-балкански книжевно-историски врски се занимава со проучување и следење на контактите, преплетувањата, односите меѓу македонската литература и другите балкански литератури. Приоритетен предмет на истражување претставуваат допирните точки и проникнувања помеѓу балканските литератури на типолошки, книжевно-историски и идеен план, аспектите на културниот плурализам во минатото, интеркултурните и интерлитерарните врски во постарите, но и во поновите книжевно-историски епохи. Одделението се занимава и со проучување на динамичните процеси на книжевната и културната рецепција во синхрониска и дијахрониска перспектива. Во обемот на дејноста на ова Одделение спаѓаат и интермедијалните односи на македонската литература со другите уметности, како и проследување на поврзаноста на книжевните правци и тенденции со севкупните културолошки процеси.

Раководител: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, научен советник
Членови: д-р Гоце Смилевски, научен советник                                                                                                                                                                            д-р Дарин Ангеловски, виш научен соработник