Секретар
д-р Сарита Трајанова
тел. +389 2 3220-309 лок. 12
maclit@iml.edu.mk
vtsarita@yahoo.ca
Докторска дисертација: Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, културолошки студии, 2018
Тема: Менаџментот на знаење во институциите од областа на културата
Постдипломски студии: Институт за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, менаџмент на човечки ресурси, 2010
Тема: Влијанието на визионирањето врз остварувањата на научните институти
Високо образование: Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, правосудна насока, 1997
проф. д-р Наташа Аврамовска

Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Интертекстуалноста и самореференцијалноста на драмата, 2003
Постдипломски студии: Филозофски факултет, Универзитет во Загреб, 1997
Теориски аспекти на романот и новелата во раскажувачкиот опус на Петре М. Андреевски, 1997
Високо образование: Општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, 1987 година
Весела Краљева

Одговорен сметководител
Весела Краљева
тел. +389 2 3220-309 лок. 10
maclit@iml.edu.mk
vesela.kraljeva@gmail.com
проф. д-р Илија Велев

Потесна област на научноистражувачки интерес: медијавистика, византологија, палеославистика, археографија, историографија и современа литература
Постдипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Лесновскиот книжевен центар, 1988
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје,
група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ и Македонски јазик, 1982
• Кирило-методиевистика (кореализатор)
• Библијата во културната традиција (кореализатор)
• Културната и духовната традиција на Света Гора
Главен истражувач
• Византиско-македонски книжевни врски
• Свети Константин-Кирил и Методиј Солунски – монографско истражување
Учесник
• Историја на македонската литература
• Средновековни жанрови во старата македонска литература
• Скрипторски центри во средновековна Македонија
• Творци на средновековната македонска книжевност
• Кирилометодиевскиот превод на Библијата
• Света Гора и македонското книжевно наследство
• Меѓународен макропроект Slovo: Towards a Digital Library of South Slavic Manuscripts (финансиран од Европската унија со учество на експерти од Австрија, Бугарија, Словенија, Србија и Македонија)
Студиски престои
• Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Наша книга, Скопје, 1990
• Македонска средновековна книжевност (коавтор), Македонска книга, Скопје, 1991
• Македонскиот книжевен XIV век, Веда, Скопје, 1996
• Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Менора, Скопје, 1996
• Скрипторски центри во средновековна Македонија (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература при Филолошки факултет, Скопје, 1997
• Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје, 1997
• Кирилометодиевската традиција и континуитет, Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 1997
• Кога морето се изговара без брегот, Менора, Скопје, 2000
• Средновековни книжевни антологии, Менора, Скопје, 2000
• Проникнувања на традицијата и континуитетот, Институт за македонска литература, Скопје, 2000
• Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар, Институт за македонска литература, Скопје, 2001
• Творци на средновековната македонска книжевност (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература, Скопје, 2004
• Лесновски – ковачевиќев пролог, Менора, Скопје, 2002
• Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005
• Низ преминот на традицијата, Книжевно-историски погледи, Дијалог, Скопје 2006
• Македонскиот јазик во глобалниот свет, 2008 – Година на македонскиот јазик, Влада на Република Македонија (коавтор), Скопје 2008
• The Macedonian Language in the Global World, 2008 – Year of the Macedonian language, Skopje 2008.
• La Lingua macedone nel mondo globale, 2008 – Anno della lingua macedone, Skopje 2008.
• Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо (коавтор), Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2008.
• Macedonian Glagolitic and Cyrillic Manuscripts, Contributors: Ilija Velev, Liljana Makarijoska, Emilija Crvenkovska, Skopje 2008.
• Македонска книжевност IX-XVIII век, том 1 од 135 томови Македонска книжевност, Издавачки макропроект на Владата на Република Македонија, Битола 2008
• Macedonian literature IX-XVIII century, volume 1 from 130, Macedonian literature, Skopje 2010
• Во почетокот беше Словото, Институт за македонска литература, Скопје 2009
• Macedonian literature IX-XVIII century, volume 1 from 135, Macedonian literature, Skopje 2010
• Беседа против богомилите на Презвитер Козма, Македонска реч, Скопје 2011
• Св. Константин-Кирил Филозоф. 1150 години од Моравската мисија и од воспоставувањето на кирилометодиевската традиција, Соларис Принт, Скопје 2013
• Историја на македонската средновековна книжевност. Прво кратко издание, Дијалог, Скопје 2013
• Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност. Второ проширено издание, Гирланда, Скопје 2014
• Хронографијата и Романот за Александар Велики – Македонски, Скопје 2014
• Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2016
• Свети Климент Охридски. По повод 1100 години од неговото блажено упокојување (†916-2016). Специјален објавен прилог во дневното издание на Нова Македонија, год. LXXI, бр. 23922, Скопје, среда-четврток 7-8 декември 2016
• Свети Климент и Наум Охридски (коавтори Тони Филипоски и Ратомир Грозданоски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2016
• Македонска преродба (коавтори Валентина Миронска-Христовска и Марко Китевски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2016
• Светите Кирил и Методиј (коавтори Тони Филипоски и Ратомир Грозданоски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2017
• Културноисториски проникнувања, Гриланда, Скопје 2017
• Погледи кон македонската културноисториска традиција. Издавач: „Гирланда“, Скопје 2021, 292 стр.
• MAKEDONIJA I CRNA GORA. Kulturnoistoriski i kniževnostvaralački kontekst. Izdavači: Matica Crnogorska i Makedonska akademije nauka i umjetnosti, Podgorica 2021, 450 str.
Поетско-белетристички изданија
• Далечина, збирка поезија, Книжевна младина на Македонија, Скопје 1980.
• Одлагање на говорот, збирка поезија, Култура, Скопје 1988.
• Мораме да крвавиме, збирка раскази, Менора, Скопје 1999.
• Искушение пред бескрајот, собрани стихови, Макавеј, Скопје 2008.
Приредени изданија
• Бисеро моме, Бисеро. Избор од македонската љубовна лирика од Преродбата до 1944 година, Култура, Скопје 1990
• Антологија на македонската книжевност. Книжевни остварувања од IX до XXI век, Институт за македонска литература, Скопје 2014
Електронски изданија
• Кирилицата по врвицата на словенската писмена традиција во Македонија. Кириллица тропой славянской письменной традиции в Македонии, Министерство за култура на Република Македонија. Продукција „Томато“, Скопје 2010
• Кирилицата по врвицата на писменоста во Македонија, Нова Македонија, Скопје 2010
• Византиско-македонски книжевни врски, Второ проширено електронско издание, Институт за македонска литература, Скопје 2012
• Четвороевангелието на поп Јоан Кратовски од 1562 година, Институт за македонска литература, Скопје 2012
Научни и стручни трудови во периодиката: Автор е на повеќе од 500 објавени прилози во научната периодика.
• Раководител на научната единица Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1996-1998);
• Член на Факултетската управа на Филолошки факултет „Блаже Конески“ (1996-1998);
• Прв в.д. директор и учесник во институционалното осамостојување на ЈНУ Институт за македонска литература, во два мандата (1998-1999);
• Член на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1998-1999);
• Член на Советот на Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура (1998-1999);
• Главен и одговорен уредник на списанието за книжевна наука Спектар на Институтот за македонска литература (1995-1999, од бр.25 до бр.34 и 2021- од бр. 77…) и член на редакцијата (2000-2001, од бр.35 до бр.38);
• Еден од основачите и член на редакцијата на научното списание Кирилометодиевистика, издавач Менора од Скопје (2003-2005, од бр.1 до бр.3);
• Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (2001-2004);
• Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје (2005-2008);
• Претседател на Комисии за одобрување на учебници за средно образование по предметот Македонски јазик и литература во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука, во повеќе наврати (2001-2007);
• Претседател или член на Жири-комисии за наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика и есеистика при Друштвото на писателите на Македонија, во 9 наврати (2000-2013);
• Член на Комисијата за доделување на наградата „13 Ноември“ на град Скопје од областа на науката за 2007, 2015, 2016 и 2017 година;
• Член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Владата на РМ, во два мандата (2007 и 2008);
• Член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во два мандата (2004 – 2008 и 2008 – 2012);
• Член на Интеруниверзитетската конференција на РМ (2008 – 2012);
• Еден од иницијаторите, државен програмски координатор и член на Организацискиот одбор на 2008 – Година на македонскиот јазик при Владата на РМ;
• Еден од иницијаторите и организаторите на Првиот македонистички научен собир во Охрид 2008 година;
• Член на Програмскиот одбор на Меѓународниот славистички конгрес во Охрид 2008 година;
• Член на Комисијата за доделување на државната награда „Климент Охридски“ од областа на културата за 2009 година;
• Претседател на Програмско-организасикиот одбор на Меѓународниот научен собир „Св. Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“ (По повод 1100 години од смртта на преп. Наум Охридски”, организиран од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Охрид 4-7 ноември 2010 година.
• Координатор на четвртата научна средба по повод празникот на Св. Климент Охридски при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за темата „Свети Климент Охридски и Охридската духовна и книжевна школа“, декември 2010 година.
• Претседател на Програмско-организацискиот одбор на Меѓународниот научен собир „Кирилометодиевската традиција и македонско-руските духовни и културни врски“ (По повод 1150 години од Моравската мисија и од словенската писменост, организиран од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Охрид 3-4 октомври 2013 година.
Награди и признанија
• Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година за посебна афирмација во областа на научно-истражувачката дејност;
• Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2008 година за посебен придонес во развојот и работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
• Добитник на наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 2014 година од областа на науката за научното издание Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност (Скопје 2014).
м-р Билјана Јоновска-Стефковска

Библиотекар, референт за студии
м-р Билјана Јоновска-Стефковска
тел. +389 2 3220-309 лок. 21
iml.kult@gmail.com
Славе Зарков

Архивар
Славе Зарков
тел. +389 2 3220-309 лок. 10
maclit@iml.edu.mk
Реализирана oбука за канцелариско и архивско работење, во организациja на Смарт консалтинг солушнс / Smart Consulting Solutions, Zoom. 11.3.2022
проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева
Интернет адреса: lgeorgievska@yahoo.com
Институција: УКИМ, Институт за македонска литература – Скопје
Научно звање: научен советник/редовен професор
Потесна област на научноистражувачки интерес: компаративна литература, македонска литература, теорија на литературата, културолошки студии, родови студии
Докторска дисертација: Филолошки факултет “Блаже Конески” при УКИМ, Скопје Фантастиката, алегоријата, гротеската и македонскиот роман, 2000
проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ
Интернет адреса: jakimovska.tosic@gmail.com
Научно звање: Научен советник / редовен професор
Потесна област на научноистражувачки интерес: медиевистика, палеославистика, културно наследство
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Македонската книжевност во XV век, 2001
Постдипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Култот на св. Јоаким Осоговски во македонската писмена и народна традиција, 1997
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ, 1996
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за македонска литература
Интернет адреса: vmironskah@yahoo.com, v.mironska-hristovska@iml.ukim.edu.mk
Научно звање: научен советник / редовен професор, Одделение за македонска литература во XIX век, студиски програми: Културолошки студии во книжевноста (втор циклус), Културолошки студии; Македонистика – македонска книжевност и култура (докторски / трет циклус)
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонската литература во XIX век, литературна историја, компаративна литература, историја на културни поими.
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Литературното дело на Евтим Спространов, 2003
Постдипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Македонските преданија за места, 1993
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, група Општа и компаративна книжевност 1986 година
На студиите при Институтот за македонска литература – Скопје ги предава предметите:
Втор циклус Културолошки студии (во книжевноста)
- Културните идентитети на Балканот (задолжителен)
- Просветителството и културата (изборен)
Трет циклус Културолошки студии
- Културноисториските процеси во 19 век
- Религија, нација, идентитет
Трет циклус – Македонистика -Македонската книжевност
- Македонскиот литературен 19 век
- Литературата и идеологијата
Научноистражувачки проекти
Главен истражувач
Жанровските и естетските книжевни вредности на македонскиот 19 век
Учество
- Континуитетот на македонската културно-литературна традиција во 19 век;
- Националните рефлексии во определени творечки пројави на македонската литература во 19 век;
- Македонски книжевен лексикон;
- Филолошки белешки (ИМЛ, Универзитетите во Перм, Љубљана и Загреб);
- Традицијата и континуитетот во македонско – хрватските културни врски;
- Светите Константин – Кирил и Методиј Солунски
- Аспекти на религиозното во македонскиот фолклор
- Кодови на препознавање во македонско-хрватската интеркултурна комуникација, Институт за македонска литература, УКИМ и Filozofskoga fakulteta Sveučilišta u Rijeci, 2013.
- Христијанската традиција во македонско-словачките духовни и културни врски, Институт за македонска литература, УКИМ и Univerzita Konštantína Filozofa v Nitre Filozofická fakulta, 2013.
- Ослободителните борби на Македонија од Источната криза до Балканските војни, МАНУ-БАН, 2015.
- Културната интеграција и стабилноста на Балканот, билатералниот проект меѓу МАНУ (Р. Македонија) и БАН (Р. Бугарија), 2014/2016
Migrating ideas in the Slavic Balkans (XVIII-XX c.), by National Science Centre (NCN). Projekt nr 2014/13/B/HS2/010057, Narodne Centrum Nauki (Polska), Idee wedrowne na slowianskich Balkanach XVIII-XX w, Sefot na proektot: prof. Grazyna Szwat-Gylybow, (Instytut Slawistyki, Polska Akademia Nauk, Warszawa), консултант, 2015/2016.
Студиски престои
Софија, Бугарија (2000, 2001); Риека, Хрватска (2008)
Учество на научни собири
Повеќе меѓународни научни собири во земјата и во странство – Москва (Русија), Риека, Опатија (Хрватска), Познањ (Полска), Нитра (Словачка) итн.
Монографии
- Македонските преданија за места, Институт за македонска литература, Скопје, 2000.
- Литературното дело на Евтим Спространов, Институт за македонска литература, Скопје, 2004.
- Просветителството во Македонија, Институт за македонска литература, Скопје, 2005.
- Македонската преродба, Институт за македонска литература, Скопје, 2007.
- Македонското прашање во литературниот 19 век, Институт за македонска литература, Скопје, 2009.
- Предговорот „Мисирковиот манифест за културниот и националниот развој на Македонците“ за јубилејното издание по повод 100 години од првото печатење на книгата на Крсте П. Мисирков За македонските работи, Табернакул, Скопје, 2003.
- Литературни студии за македонскиот идентитет / Literary Studies of Macedonian Identity, Институт за македонска литература, Скопје, 2012.
- Преродбата и македонското национално прашање, ИМЛ, Скопје, 2013.
- Трајко Китанчев книжевна, културна и револуционерна дејност, ИМЛ, Скопје, 2015.
Kоавтор
- Компаративна книжевност (учебник за IV година на реформираното гимназиско образование – изборен предмет), Стојменска-Елзесер, С.; Миронска-Христовска, В.; Аврамовска, Н.; Георгиевска-Јаковлева, Л., Просветно дело, Скопје, 2004.
- Македонскиот деветнесетти век 1800-1902, група автори, МИ-АН, Скопје, 2007.
- Огледи за македонската интелигенција (XIX-XX век), коавтор, Владо Поповски, Валентина Миронска-Христовска, Марко Китевски, Бранко Цветковски, Макавеј, Скопје, 2015.
- Антологија на македонската книжевност книжевни остварувања од IX до XXI век, (го приредила делот: „Македонска книжевност во XIX век“), ИМЛ, Скопје, 2014.
Научни и стручни трудови во периодиката
Автор е на 130-тина научни трудови во домашни и меѓународни списанија.
Членства во научни и други професионални асоцијации
Во моментов е раководител на Одделението за македонска литература во 19 век. Била член на редакциски одбори при објавување зборници од научни собири, координатор на Научната конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (2007). Била уредник на научното списание „Спектар“ и актуелен член на Редакцијата. Била член на Издавачкиот одбор и Советот на ИМЛ. Член е на Наставно-научниот колегиум за втор циклус студии на ИМЛ. Член на Друштвото за компаративна книжевност.
проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева
Научно звање: научен совeтник / редовен професор, раководител на Одделението за македонско-балкански книжевноисториски врски во ИМЛ
Интернет адреса: jasminamg@gmail.com
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска литература, балкански литератури, компаративна литература, културни идентитети, интеркултурна книжевна историја, магичен реализам, имагинарни структури, трагикомика, екокритика
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Книжевното дело на Живко Чинго
Постдипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Трагичното и комичното во делото на Живко Чинго




