
Истражувачи

Кои се нашите истражувачи?
Создавањето, издигнувањето и усовршувањето на научниот кадар претставува една од основните задачи на Институтот за македонска литература во Скопје. Сегашната оспособеност на кадрите, оценувана преку стекнатите академски титули и научните звања, како и преку обемната научна продукција, покажува дека во основа се води добра кадровска политика.
Научноистражувачките кадри имаат остварено бројни студиски престои и учества на научни конференции во земјата и странство. Ова е една од најзначајните активности за оформувањето и изградувањето на нашите научноистражувачки кадри, за нивната лична афирмација, а со тоа и за афирмација на научната установа и на македонската книжевна наука во светот. Своите научни резултати, тие ги презентираат во научни книги, зборници на научни трудови и престижни меѓународни списанија во земјата и странство.